1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши состанокот на Контакт групата плус за Косово

17 декември 2004

Претставниците на косовските Албанци и УНМИК изразија задоволство од вчерашниот состанок на Контакт плус групата за Косово со лидерите на покраината, додавајќи дека е упатен апел до косовските Срби да го прекинат бојкотот и да се вклучат во институционалниот живот на покраината.

Косовскиот претседател Ибрахим Ругова, по состанокот изјави дека покрај честитките за брзото конституирање на косовските институции Контакт Групата побарала поголемо ангажирање за остварувањето на стандардите.

,, Претседавниците на Контакт групата побараа да се насочиме кон кон исполнување на безбедносните стандарди, стабилноста на покраината, заштитата на правата на малцинствата, ,, посочи Ругова по состанокот.

Ние сме подготврени да ги превземеме обврските, да работиме на интеграцијата на малцинствата во Косово и да ги спроведеме реформите во Локалната самоуправа, но не врз етнички принципи.,, рече косовскиот претседател.

Премиерот Рамуш Харадинај посочи дека на претставниците на Контакт Групата им ја претставил владината програма и ги иѕвестил за својот ангажман во однос на соѕдавањето на функционални институции на Косово.

,, Општата оценка е дека работата е сериозно раѕбрана, дека владата и косовските институции имаат, многу одговорности и можам да речам дека работите одат во поѕитивна насока,, рече Харадинај. И шефот на Унмик Сортен Јесен Петерсен се согласи дека состанокот бил продуктивен, бидејќи контакт греупата ги поддржала плановите на косовските лидери.

Претствникот на Српската листа за Косово Оливер Ивановиќ истакна дека треба да се изнајдат начини за вклучување на Белград во некои прашања, меѓу кои и прашањето за децентрализација на покраината. Ивановиќ смета дека планот на српската влада за политичко решавање на проблемот на Косово, во кој што е предвидено локалното разграничување, всушност го претставува барањата на косовските Срби.

Контакт групата плусза поддршка на Косово, која ја сочинуваат претставници на шест земји и од Нато и ЕУ, вчера се состанаа со лидери те на покраината во Приштина, за првпат по косовските изори и конституирањето на институциите во покраината.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми