1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заврши штрајкот на машиновозачите

26 октомври 2007

*

30 часовниот штрејк на машиновозачите во Германија организирани во синдикатот ГДЛ, заврши во осум часот утрово. Кратко потоа синдикатот на машиновозачите постави нов ултиматум. До понеделник попладне се очекува нова подобрена понуда, во спротивно ќе се преземат други штрајкови, рече вицепретседателот на синдикатот Клаус Веселски. Поради штрајкот Германски железници очекуваат попладнево да се нормализира возниот сообраќај. Според проценките вчера не возеа околу 11.000 регионални возови во цела Германија. Финансиските загуби, првично се проценуваат на околу десет милиони евра.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми