1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Завршна конференција за Косово не е исклучена!

Силвера Падори8 октомври 2007

Доколку има потреба, постои принципиелна согласност за организирање завршна конференција за Косово, по урнекот на Дејтонската. Ова го потрвди и шефот на германската диполматија Франк Валтер Штајнамер.

Тројката уште еднаш ќе се обиде да ги доближи Србија и Косово - Франк Валтер ШтајнмаерФотографија: AP

"Со европскиот претставник во Тројката повеќепати разговаравме и врз основа на ова, можам да кажам дека слична завршна конференција како Дејтонската не е предвидена, но не е и исклучена! И тоа е суштинска разлика. Се ќе зависи од напредокот во доближувањето на позициите меѓу Косово и Србија - дали на крајот ќе има резултат или ќе има потреба од завршна конференција. Во секој случај има принципиелна подготвенсот за организирање таква конференција, доколку двете страни сметаат дека е потребна” - изјави шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнамер за Дојче Веле коментирајќи ги најновите информации од европскиот претставник на Тројката за Косово Волфганг Ишингер, според кого се предвидува завршна конференција за Косово, по урнекот на Дејтон по крајот на војната во Босна.

Инаку Штајнмаер и неговата австриска колешка Урсула Пласник на маргините на Конференцијата за контролата на атомската енергија претпладнево имаа билатерални разговори на кои меѓу другото стана збор и за Косово. Иако нема ништо ново и обајцата стојат зад досегашната политика по однос на косовскиот проблем:

"

И двајцата интензивно го поддржуваме европското становиште - Тројката составена од Европа, САД и Русија уште еднаш да се обиде да ги доближи двете страни, да бара поголема флексибилност од Србија и Косово. Гледаме, меѓутоа, дека преговарачкиот процес оди тешко и дека нема подоговерност за доближување. Сега пред вторите директни преговори битно е да дојде до поместување и на почетокот на декември да има и конкретни резултати”- истакна министерот за внатрешни работи Франк Валтер Штајнамер.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми