Загадениот воздух убива седум милиони луѓе годишно
ЕМФ / дв
2 мај 2018
Светот не напредува во борбата против загадувањето на воздухот, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена организација. Загаден воздух дишат пред сѐ луѓето во земјите во развој и државите во забрзан подем.
Реклама
Седум милиони луѓе во светот умираат секоја година од последици од загаден воздух, проценува Светската здравствена организација (СЗО) во својот најнов извештај. Проценките се исти као и пред две години. Загрозени се сите луѓе, но најмногу најсиромашните, изјави генералниот сиректор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Повеќе од 90% од смртните случаи поради загаден воздух се во земји со ниски или средни приходи, пред сѐ во Африка и Азија. „Во многу мега-градови во светот загадувањето со штетни материи е пет пати поголемо од препораките на СЗО“, оцени Марија Меира, директорка на СЗО за јавно здравје. Во земји со високи приходи - во Европа, САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд - воздухот е со најдобар квалитет.
Скопје и натаму обвиено од смог
Квалитетот на воздухот во Скопје во последните два дена е загаден над дозволеното, или во просек над 200 микрограми штетни честички на кубен метар. Активирани се мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Скопска магла
Намалена видливост и отежнато движење низ градот. Скопските магли - карактеристични за зимскиот период - се придружник на градот поради неговата специфична географска локација. И покрај мерките кои ги преземаат владата и градот, во овие периоди помагаат само ветер, дожд или снег. Спасот - граѓаните можат да го пронајдат само во околните планини и ридови.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Парно-аут, ќумбе-ин
Релативно високите цени за градското парно греење и сиромаштијата натераа голем број граѓани самите да се снаоѓаат во зимските месеци. Поради тоа, наместо на парно многумина се греат на дрва, јаглен или нафта, што пак драматично го зголемување загадување во Скопје.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Движење во магла
Маглите и густиот смог не се никаква новина за Скопје во зимските месеци. Градот годинава веќе по вторпат ги активира вонредните мерки кои опфаќаат бесплатен градски превоз, прекин на сите градежни активности на градилиштата, интензивно миење на градските улици, зајакнати инспекциски надзори и ограничување на обуките на автошколите. Но, колку тоа помага најдобро знаат скопјани.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Сообраќаен хаос
Сообраќајот во зимските месеци наголемо придонесува за зголеменото загадување. Неретко автомобилите се користат и на многу куси релации, а сообраќајната мрежа во главниот град нема капацитет да го издржи напливот. Дополнително, јавниот сообраќај не може да ги задоволи потребите на граѓаните.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Велосипедот е решение...
Во многу светски метрополи велосипедот е омилено превозно средство низ градските турканици. Но, условите во Скопје не дозволуваат слободно и нормално користење на велосипедите. И оние ретки велосипедски патеки во градското јадро најчесто се узурпурани од несовесни возачи, а возењето по улица е опасност поради ниската сообраќајна култура.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Најдобри во најлошото
Многу фактори придонесоа Скопје со години наназад да се најде на црните листи на најзгадени градови во светот, а панорамските фотографии од градот служат како потсетник во водечките светски медиуми за тоа како не треба да изгледа еден град.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
6 фотографии1 | 6
Девет од десет луѓе во светот вдишуваат воздух кој има превисока концентрација на штетни материи, како на пример сулфат, нитрат и саѓи. Отровните честички, според проценките на СЗО, се одговорни за една четвртина од сите смртни случаи од срцеви заболувања и мозочни удари кај возрасните лица. Речиси 30% од сите случаи на рак на бели дробови и 43% од сите хронични заболувања на белите дробови се должат исто така на загаден воздух, соопшти СЗО.
Светската здравствена организација прави разлика меѓу загаден воздух внатре и надвор. Во домот најчесто станува збор за чад од запален оган, како и од согорување на керозин и дрва за готвење или за осветлување. Речиси три милијарди луѓе во домовите сѐ уште користат вакви согорувачки материјали. Но, околу 4,2 милиони луѓе умираат поради загадениот воздух кој го вдишуваат на отворено. Гасовите кои ги испушта индустријата и издувните гасови од автомобилите и другите возила се причина за голем дел од смртните случаи, нагласува СЗО.
Задушени Скопјани бараат итни мерки
02:08
Организацијата подвлекува и една позитивна работа: за разлика од 2016 година, кога податоци до СЗО доставиле 3000 градови, оваа година тоа го сториле 4300 градови. Од тоа може да се заклучи дека проблемот е осознаен и дека градовите сакаат да работат на подобрување на квалитетот на воздухот, оценува директорката Меира.
Проект „Без смог“- чист воздух за сите
Иновативниот дизајн продуцира чист воздух, а истовремено креира модерен накит.
Фотографија: Derrick Wang
Од друга планета
Кулата „Smog Free“ изгледа доста футуристички и како да не потекнува од нашата планета. Сепак, нејзината функција е поприлично „земјена“ - да обезбеди чист воздух.
Фотографија: Derrick Wang
Прочистување на амбиеталниот воздух
Во внатрешноста на кулата се наоѓа високо ефикасен филтер за воздух кој користи многу малку енергија и е способен да ги задржи и најситните честички кои се наоѓаат во воздухот. Како резултат на тоа, воздухот кој ќе помине низ системот на кулата е до 75% почист од останатиот воздух во средината.
Фотографија: Derrick Wang
Диши слободно
Очигледно е дека една кула не може да го прочисти воздухот во цел град. Идејата зад овој коцепт е да се создаде место каде луѓето може да се собираат и каде што ќе можат да размислуваат и дишат слободно. Со оваа кула тоа би можело да се постигне дури и во најзагадените градови во светот, како што е Пекинг (прикажан на фотографијата).
Фотографија: Laard Buurman
Што со отпадот?
Креаторот на кулата, дизајнерот Рузегард верува дека во иднината нема да постои отпад. Поради тоа, тој бара начин како да ги искористи филтрираните честички кои произлегуваат од филтрирањето на амбиеталниот воздух.
Фотографија: Studio Roosegaarde
Нешто скапоцено
Тимот на Рузегард одлучи под висок притисок да компресира ситни честички, а потоа да ги вметне во обвивка изработена од акрил. Резултатот е овој правоаголен орнамент кој потоа може да се користи во изработката на накит.
Фотографија: Studio Roosegaarde
Смела визија
Човекот кој стои зад овој подвиг, холандскиот дизајнер Дан Рузегард всушност сака да го овозможи човечкото право на чист воздух за сите луѓе.