1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загадување: Институциите бараат мерки, граѓаните резултати

БГ
30 октомври 2019

Како што се наближува зимскиот период, така се зголемуваат апелите за итни мерки против загадувањето. Во неколку градови во земјата веќе се бележи зголемено аерозагадување кое е високо и во светски рамки.

Mazedonien Smog in Skopje
Фотографија: picture-alliance/AA/N. Batev

Зимата е на прагот, а со неа и придружното загадување на животната средина кое секоја година од градовите во Северна Македонија прави статистички црни точки во светски рамки. Активистите веќе алармираат дека во Скопје, Куманово и Тетово изминатава недела е забележан драматичен пораст на отровни супстанци во воздухот.
Вечерва во центарот на Скопје отровните ПМ10 честички достигнаа 142 микрограми на метар кубен, а мерната станица во Бутел покажува дури 263 ПМ10 во воздухот. Не е подобро ниту во Тетово каде до 19 часот се измерени 169 ПМ10 честички во воздухот. 
Во кампањата „Не игнорирај! Реагирај! се вклучи и шефот на државата Стево Пендаровски кој на средба со ученици од осум средни училишта од земјата вечерва порача дека секој треба да посвети повеќе внимание во одржувањето на здравата животна средина. Претседателот истакна дека токму овој период од годината е круцијален за одржувањето на животната средина, бидејќи аерозагадувањето е многу повисоко и веќе ја надминува границата на дозволената јаглеродна емисија. 
„Затоа очекувам здружени акции на релевантните институции, но и подадена рака од нашите граѓани кои освен што ќе преземат конкретни еколошки акции, ќе бидат и во улога на еколошка патрола или еколошки патроли и набљудувачи на загадувачите“, рече Пендаровски. 
Но, еколошките организации одат чекор понатаму. Повеќе организации предводени од О2 Иницијативата, денеска преку отворено писмо побараа од Пендаровски и од премиерот Зоран Заев да ги вклучат армијата и полицијата во заштита на правото на граѓаните на здрава животна средина.
„Секојдневно сме сведоци на запалени депонии, палење на оган на отворено и шумски пожари, кои го загрозуваат здравјето и физичкиот интегритет на граѓаните“, велат активистите во писмото и бараат армијата и полицијата да се вклучат со патроли на терен и ноќни дежурства на критичните точки и националните паркови. 
Владата и градот Скопје деновиве објаснуваат дека борбата против загадувањето е долг и мачен процес и не можат да се очекува решавање на проблемот преку ноќ.  

Четворица Македонци умираат дневно од загадувањето

01:46

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми