1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загадувањето убило 15 пати повеќе луѓе од војните

ЕМФ / дв
20 октомври 2017

Поради загадување во светот во 2015 година починале девет милиони луѓе, што е три пати повеќе од смртните случаи кои се должат на сидата, туберколозата и маларијата заедно. Најголема опасност е загадениот воздух.

BdW Global Ideas Philippinen Umweltverschmutzung in Manila
Фотографија: Getty Images/AFP/N. Celis

Срцеви заболувања, мозочни удари, рак на бели дробови - тоа се најчестите причини за смрт кои се должат на загадувањето на животната средина. Причини за околу девет милиони смртни случаи се загадениот воздух, загадената вода и контаминираната почва, се вели во студијата објавена во медицинското стручно списание „Ланцета“, во чија изработка учествуваа меѓународни и невладини организации, како и околу 40 научници.

Авторите на студијата дојдоа до заклуок дека од загадувањето умираат 15 пати повеќе луѓе отколку од војни и насилство, шест пати повеќе отколку во сообраќајни незгоди и три пати повеќе отколку од сида, туберколоза и маларија заедно.

Научниците укажуваат и дека се работи за „конзервативна проценка“ и оти вистинските бројки на починати од загадување се веројатно значително повисоки.

Фотографија: Reuters/China Daily

Убиецот загаден воздух

Најмногу починати има поради загаден воздух - дури 6,5 милиони луѓе. На второ место како причинител е загадената вода, која е виновна за инфекции. На контото на овој убиец одат 1,8 милиони смртни случаи.

Најмногу погодени од загадување се сиромашните земји и земјите во подем, пред сѐ држави каде рапидно се зголемува индустријата. Една четвртина од смртните случаи се регистрирани во такви земји, меѓу кои и Индија, Пакистан, Кина, Бангладеш или Мадагаскар. Според студијата, во Индија секој четврти смртен случај се должи на загадувањето, а во Кина е тоа секој петти смртен случај.

Четворица Македонци умираат дневно од загадувањето

01:46

This browser does not support the video element.

Во богатите земји, каде загадувањето генерално не е толку големо, најпогодени се сиромашните граѓани.

„Постојат многу истражувања за загадувањето, но тие никогаш не добиваат толкави ресурси или толку голем интерес на јавноста како на пример темите сида или промени на климата“, се жали епидемиологот Филип Ландриган од Високата школа за медицина Ајкан, кој е еден од главните автори на студијата. „Загадувањето на животната средина е огромен проблем, но луѓето не го сфаќаат така, затоа што секогаш перцепираат и третираат само мали делови од него“, предупредува Ландриган.

„Луѓето не сфаќаат дека загадувањето на животната средина им нанесува штета на економиите“, потенцира Ричард Фулер од приватната организација „Чиста Земја“, кој дава поддршка на проекти за справување со загадувањето ширум светот. „Мртвите или болните луѓе не можат да дадат придонес за економијата“. За жал, постојат многу митови, кои се должат пред сѐ на министрите за финансии, дека една земја не може да се развива ако не ѝ дозволува на индустријата да ја загадува околината“, вели Фулер.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми