Загадување: Се трошат и заштедите за прочистувачи на воздух
БГ /АФП
6 декември 2018
Загадувањето во Скопје и други градови во Македонија има драматичен ефект врз здравјето на луѓето. Во репортажа на агенцијата Франс Прес се наведува дека никогаш повеќе ученици не биле болни во Скопје.
Реклама
Додека светот е собран на Климатскиот самит во Полска, граѓаните на Балканот се прашуваат дали нивните влади ќе сторат нешто за да се справат со загадувањето кое убива илјадници луѓе годишно.
Степенот на загаденост на воздухот на почетокот на декември веќе достигна алармантно ниво.
Во вторникот, Скопје беше трет најзагаден град во светот, додека Сараево беше на петтото место, според ранг листата на ЕрВижуал (AirVisual).
„Во три децении учителствување, никогаш не сум видел толку деца кои кашлаат или се болни“, вели Весна Делевска, 56-годишна учителка во Скопје.
„Во најлошите денови многу родители не ги ни носат децата на училиште“, дополнува таа, опишувајќи ги условите како „неподносливи“.
Термоцентралите на јаглен низ целиот регион, најголемиот дел стари и големи загадувачи, но и греењето на дрва во индивидуалните домови, го полнат воздухот со отрови. Во Скопје и Сараево, околните планини го заробуваат отровниот воздух во котлините, обвивајќи ги во густа магла.
Смог над Балканот
Неколку градови во југоисточна Европа се во самиот светски врв на негативната листа на загаденост на воздухот. Скопје е меѓу нив.
Фотографија: picture-alliance/AA/M. Ozturk
Опасна зима
Видливоста изнесува само неколку метри. Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, веќе со денови е обвиткан со смог. За тоа не е виновен само густиот сообраќај. Многу жители се греат на јаглен и дрва- состојбата е особено критична во зима.
Фотографија: picture-alliance/AA/M. Ozturk
Неповолна географска позиција
Сараево лежи во долина меѓу бројни ридови и тука воздухот далеку побавно се обновува. Според Светската здравствена организација загадувањето ја чини БиХ околу 3,9 милијарди долари годишно.
Фотографија: picture-alliance/AA/M. Ozturk
Смрт поради загадување
Според податоците на македонските власти, годишно во земјата умираат околу 1.300 луѓе поради загадениот воздух. Особено е критична состојбата во Скопје.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Предупредувањата на активистите
Македонските невладини организации со години наназад предупредуваат дека загадувањето на воздухот во Скопје во текот на 269 денови годишно е над нормалата. Слично како Сараево и Скопје се наоѓа во котлина, што го олеснува задржувањето на смогот.
Фотографија: picture-alliance/AA/N. Batev
Старите термоелектрани- големи загадувачи
Според Европската банка за обнова и развој, термоелектраните како оваа во Обилиќ, во близина на косовскиот главен град Приштина, се меѓу најголемите загадувачи на воздухот во регионот.
Фотографија: AFP/Getty Images/A. Nimani
„Дишењето убива“
Во Приштина минатата година беа одржани демонстрации за чист воздух. На некои транспаренти пишуваше „Breathing kills“ – „„Дишењето убива“, со алузија на натписите на кутиите цигари. Во зимските месеци жителите на Приштина имаат големи проблеми со смогот.
Фотографија: AFP/Getty Images/A. Nimani
Драматични споредби
Поради високата загаденост на воздухот во Софија, ситуацијата во градот е „опасна како во Чернобил“, напиша поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси на Твитер. Тој му се обрати на премиерот со зборовите: „Итно ни се потребни мерки како заштитни маски во аптеките и училиштата“.
Пет балкански градови во кои се сместени тешки индустрии на база на јаглен или лигнит се меѓу десетте најзагадени градови во Европа, според извештајот од 2017 година на Светската здравствена организација. Меѓу нив се Скопје, Тетово и Битола од Македонија, Тузла во БиХ и Пљевља во Црна Гора.
Профитираат трговците
Од загадувањето профитираат само оние кои продаваат прочистувачи на воздух, за кои, еден продавач од Македонија вели дека „одат како алва“.
„Луѓето си ги празнат паричниците за да дишат чист воздух“, вели Ванчо, кој има продавница во Скопје.
Прочистувач на воздух чини околу 400 евра - речиси исто колку и просечна плата во Македонија. Но жителите не ги жалат парите, посегаат по својата заштеда или „дури и позајмуваат за да купат прочистувачи“, вели Ванчо. „Особено семејства со деца“.
Економската и хуманата цена е висока во сиромашниот регион во кој малкумина можат да си дозволат дополнителни трошоци. Според студија на СЗО, загадувањето ги чинело земјите од Западниот Балкан 55 милијарди долари во 2010 година. Тоа предизвикало и над 36 илјади случаи на прерана смрт во регионот кој брои околу 23 милиони жители.
Но, оттогаш речиси и да немало никакви поголеми напори да се намали загадувањето.
Тековнава зима, македонското Министерство за здравство реши да дистрибуира 43 илјади маски за дишење за хронично болни луѓе.
Но, Јане Димески, активист во граѓанската организација „Стоп за загадувањето на воздухот“, вели дека се работи само за краткорочна мерка, која не е сериозна борба против загадувањето.
Загадување: помагаат само гас маски
Енормното загадување во Скопје во текот на зимските месеци станува редовна појава последниве години. Новите градски власти најавија итни мерки, но засега ефектот од нив е незначителен.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Каде е градот?
Вака изгледа Скопје од воздух утрово. Целата котлина во која се наоѓа градот е прекриена од густа магла веќе втор ден. Наслагите од смог и аерозагаденоста под оваа прекривка се огромни. Мерачите во повеќе скопски општини покажуваат ниво на ПМ10 честички во воздухот од над 400 микрограми.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Спас во специјални маски
На вакви фотографии досега бевме навикнати од некои од најзагадените светски метрополи, претежно во Кина и други азиски држави. За жал, Скопје одамна ги надмина и најзагадените светски градови.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Носете марама или шал
Жена си го покрива лицето додека шета низ Скопје. Според неколку македонски медиуми, во меѓувреме има недостаток и на специјални маски за дишење. Во секој случај, обидете се да се заштитите со марама или шал.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Спас во околината
Овој човек нашол привремен спас од загадениот воздух на планините околу Скопје. Таму, освен што можете да сведочите на скопската магла, можете и да продишете малку чист воздух, барем неколку часа во денот.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Апокалиптични сцени
Ноќните фотографии од Скопје се уште пострашни, Оваа е сликана ноќта на 14 декември. Таа покажува зошто Скопје деновиве е на врвот на светските листи на загаденост.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Ќе се преземат ли мерки?
Од градот Скопје велат дека краткорочните мерки не можат преку ноќ да го решат проблемот. Се работи на долгорочна стратегија, тврди градоначалникот Шилегов кој ги обвинува своите претходници дека не работеле систематски на овој проблем.
Фотографија: Reuters/O. Teofilovski
Еколозите бараат утврдување вина
Еколошките организации ги отфрлаат мерките на градските власти и велат дека треба да се преземат поостри санкции кон големите загадувачи, но и кон граѓаните. Паралелно со мерките од надлежните треба да се менува и свеста на граѓаните.