Загина мексиканскиот министер за внатрешни работи
12 ноември 2011Портпаролката на претседателскиот кабинет, Алехандра Сота, изјави дека сите осум лица во хеликоптерот загинале, меѓу кои има и други владини службеници.
Четириесет и петгодишниот Блаке Мора ја почна политичката кариера кон средината на 90-те години во родниот град Тихуана. Во јули 2010 година претседателот Фелипе Калдерон го назначи за министер за внатрешни работи.
Тој беше член на федералниот парламент и клучна фигура во владата и во него се полагаа многу надежи. Темата безбедност за претседателот Фелипе Калдерон има приоритетно значење, откако владата му објави војна на организираниот криминал.
Франсиско Блаке Мора е вториот министер за внатрешни работи кој гине во авионска несреќа за време на мандатот на Калдерон. Во ноември 2008 година, Хуан Камило Морињо и уште неколку лица загинаа откако нивниот мал авион се урна на булевар во престолнината Мексико сити. Тогаш истрагата утврди дека авионот веројатно поминал низ турбулентна трага на голем авион и пилотот ја изгубил контролата над леталото.
Автор: ЖА/ЕМФ/дпа/миа
Редактор: Е. М. Фиданоска