1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

САД повлекува дипломати од Куба

СН/ агенции
30 септември 2017

Тинитус, главоболки, вртоглавици и несоница-во најлошите случаи дури и пореметувања на слухот. Американските дипломати на Куба заболуваат на загонетен начин. Владата во Вашингтон реагира.

Kuba US-Botschaft
Фотографија: Reuters/A. Meneghini

САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат на Куба и повлекуваат повеќе од половина од своите дипломати од островската држава поради, како што се наведува , специфични напади врз „здравјето на американските дипломати“. Одлуката дополнително ја влоши ситуацијата во кревките односи меѓу двете земји, кои дури од неодамна почнаа да ги „затоплуваат“ . Амбасадата на САД во Хавана ќе загуби 60 насто од персоналот, а ќе биде запрено и издавањето на визи на неопределено време.

Во новото предупредување објавено вчера, САД  појаснуваат дека дошло до мистериозни звучни напади во кубанските хотели, а иако не е познато дека се погодени американски туристи, тие би можеле да бидат изложени ако одат на Куба. Туризмот е клучна економска гранка на Куба која забележи раст во изминатите години.

Засега, Вашингтон нема да им нареди на кубанските дипломати да ги напуштат САД иако тоа е разгледувано.

Речиси една година откако дипломатите почнаа да опишуваат необјасниви здравствени проблеми, американските истражители сѐ уште не знаат кој стои зад нападите од кои се погодени 21 дипломати и нивните семејства. Некои се здобија со сериозни заболувања на мозокот или го загубија слухот. Други чуствуваат симптоми на замор, несоница, проблеми со видот и со рамнотежата. Иако Стејт департментот случаите досега ги нарекуваше инциденти, сега ги именуваше како специфични напади врз дипломати. Официјалните лица во САД веруваат дека тие напади се извршени со некој соничен уред, но не успеаја да ја утврдат причината или кој стои зад нив.

Многу надеж: повторно отворање на амбасадата на САД во Куба во август 2015 годинаФотографија: Reuters/M. Monsivais

Вашингтон во мај протера двајца кубански дипломати, но дискретно, сметајќи оти Хавана е одговорна за безбедноста на странскиот персонал на своја територија.

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон ја разгледува и можноста за целосно затворање на амбасадата, која беше повторно отворена во 2015 година по половина век прекин на дипломатските односи меѓу двете земји.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми