1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загрозена турската демократија

Даниел Хајнрих/бг13 октомври 2015

Саботниот напад во Анкара ја погоди Турција во срцето. Сега, кусо пред одржувањето на парламентарните избори, демократијата во земјата е пред колапс.

Фотографија: Getty Images/AFP/I. Akengin

Исламската држава е виновна. Барем, така вели турскиот премиер Ахмед Давутоглу, иако не делуваше сигурен во тоа. На неговата листа на осомничени тој ги вклучи и забранетата Курдска работничка партија и Револуционерниот народен фронт- марксистичко-ленинистичка партија означена како терористичка група во Турција и во ЕУ. Курдите ги отфрлаат обвинувањата. Курдската опозиција ја обвинува владата. Во неделата, илјадници луѓе протестираа против претседателот Реџеп Таип Ердоган. Лидерот на прокурдската партија ХДП, Селхатин Демирташ јавно праша како можел да се случи таков напад среде бел ден во центарот на главниот град, кога владата вообичаено следи сѐ и знае што се случува.

Длабока поделеност во општеството

Кристоф Нојман, професор на турските студии на Универзитетот во Минхен, ја опишува длабоката поделеност во општеството. „Од една страна, постои центар на моќ околу поранешниот премиер и актуелен претседател Ердоган“. На другата страна се наоѓаат „губитниците од стариот поредок, кемалистите и војската“. Дополнително, и турските и курдските националисти се жестоко спротивставени.
Судирот трае од 1980 година. Курдскиот конфликт однесе повеќе од 40 илјади животи. Едно време се чинеше дека тој деескалираше- особено поради напорите на Ердоган и на неговата АКП, но повторно се разгоре летово. Од јули годинава, 140 турски војници беа убиени во напади на ПКК, како и повеќе од 1.700 курдски бунтовници.
Бомбашкиот напад од саботата беше најсмртоносниот терористички напад во историјата на Турција, во него загинаа најмалку 97 луѓе. Најстрашното е што тој беше насочен кон демонстранти кои излегоа на улиците да бараат повеќе демократски права и мир во земјата. Сега, по нападот, сонот за мир исчезна.

Обвинувања кон Ердоган дека го поттикнал насилствотоФотографија: imago/Belga

Изборите како повод

Растечкото насилство може да се припише на исходот од парламентарните избори во јуни. АКП за првпат по доаѓањето на власт во 2002 година доживеа загуби. Не беше освоено апсолутното мнозинство кое требаше да му овозможи на Ердоган да го смени Уставот и да ја претвори земјата во претседателска демократија. Насилството кое во меѓувреме избувна не е изненадување за Кристоф Нојман. „Кога нешто набрзина треба да се промени, дестабилизацијата е најдобриот метод, и проблемите се предвидливи“.
Веројатно ќе бидат потребни недели додека се откријат извршителите на нападот. Но во моментов е јасно дека планот на Ердоган- доколку е негов- не се исполни. Предизборните анкети се уште ги рефлектираат резултатите од последните избори.

Конечно, превирањата само ќе го одвлечат вниманието од растечките домашни проблеми. Турција прифати повеќе од 2 милиони сириски бегалци. Повеќе од 330 илјади живеат во Истанбул. Бегалците се спасија од воените страдања но не се интегрирани во турското општество и владата нема план да им помогне во тоа. Многу од нив не живеат во камповите на сириско-турската граница, туку во приватни сместувалишта или кај роднини.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми