1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Загрозувачите“ во Германија не се многу опасни

ЕМФ / дв
18 декември 2017

Безбедносните власти во Германија со нов систем на анализа ја категоризираат опасноста која произлегува од радикалните исламисти. Прв резултат од анализата - некои „загрозувачи“ воопшто не се толку опасни.

Flughafen Leipzig/Halle Abschiebung abgelehnter Asylbewerber
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Schmidt

Од околу половина од 720-те „загрозувачи“ во Германија веројатно не произлегува посебен терористички ризик, известија „Зиддојче цајтунг“, НДР и ВДР. Тоа е изненадувачки резултат од истражувањето спроведено во покраинските полиции и Германската криминалистичка служба (БКА).

„Загрозувачи“ се лица за кои безбедносните служби сметаат дека се во состојба да извршат најтешки кривични дела, како што е терористички напад. Сега властите првпат примениле нов систем на анализа „Радар-ИТЕ“, направен од БКА и швајцарски научници. Тој се базира на одговори на 72 прашања за социјализација или став кон насилство. Прашања се поставуваат и за „факторите за заштита“ како што се семејните услови, добрата интеграција или сигурното работно место.

Со анализата, околу 96 исламисти се категоризирани во делот „умерен ризик“, 27 во категоријата „упадлив ризик“, а 82 во рубриката „висок ризик“. Радар-ИТЕ (ИТЕ е кратенка за исламистички екстремизам) е соодветен инструмент пред сѐ за БКА. Системот треба да послужи за препознавање на особено опасни радикали и со тоа да помогне за концентрација на мерките на надзор токму на овие лица.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми