1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев и Борисов отвораат ново поглавје во односите

БГ
20 јуни 2017

Македонскиот и бугарскиот премиер денеска од Софија најавија нова страница во државните односи. Историските проблеми ќе се надминуваат со заеднички прослави, именување улици и поддршка во ЕУ и НАТО

Bulgarien Mazedonien Zaev bei Borissow in Sofia
Фотографија: Reuters/S. Nenov

Македонија и Бугарија се блиску до потпишување на Договорот за добрососедство. Двајцата премиери, Бојко Борисов и Зоран Заев од денешната прес-конференција во Софија најавија дека тоа најверојатно ќе се случи на 2 август, кога заеднички ќе го прослават Илинден во Македонија.
Софија е втората меѓународна станица на Заев откако стапи на премиерската функција и прво замина во посета на Брисел. Бугарија од 1. јануари следната година го презема претседателството со ЕУ.
Евро-атлантските интеграции беа главна тема на денешниот состанок. Борисов најави поддршка за Македонија на тој пат. Двајцата премиери најавија и засилен ангажман за заеднички инфраструктурни проекти кои би можеле да се финансираат од фондовите на ЕУ, во прв ред Коридорот 8.

Преку градоначалниците на Софија и Скопје ќе се направи обид улици во двата главни града да ги носат имињата на поранешните претседатели Борис Трајковски и Жељу Жељев. Денеска, двајцата премиери се поклонија пред споменикот на цар Самоил во Софија, а истото ќе го сторат и во Скопје во текот на летово.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми