1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев: Бугарија не бара промена на македонскиот Устав

ДТЗ /ДВ
20 октомври 2020

Премиерот е дециден дека соседите не бараат ниту нов договор, ниту промени во Уставот. Сепак, тој испрати порака, дека ако не почнеме преговори, треба да се знае дека се бара да прифатиме нешто што не сакаме.

Nord-Mazedonien Skopje | designierter Ministerpräsident Zoran Zaev stellt neues Kabinett vor
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Бугарија не бара ниту нов договор, ниту уставни промени, дециден е премиерот Зоран Заев. Премиерот денеска ги демантираше информациите дека Бугарија бара промена на Уставот и нов договор по принципот на Преспанскиот, со што го отфли сите комбинаторики кои беа во оптек изминативе денови во јавноста околу највисокиот правен акт. Ваквите информации станаа актуелни особено по последната посета на министерот за надворешни работи Бујар Османи во Софија. 

„Бугарија не бара од Македонија промена на Уставот и решението не е преку потпишување на нов договор. Ние веќе имаме договор и треба да ги решаваме прашањата преку заедничките комисии“, рече Заев.

Тој очекува дека во претстојниот период заедничката македонско – бугарска историска комисија ќе изнајде решенија за преостанатите отворени прашања меѓу Скопје и Софија.  Според Заев, постои надеж дека ќе се надминат проблемите за историјата со нашиот сосед Бугарија, затоа што тие се пријателски народ.

„Идентитетот е чувство, право на определба и е голема европска вредност. Очекувам бугарскиот народ да има потврдување на постоењето на македонскиот јазик и народ. Не треба тоа да биде доведено во прашање. Верувам дека ќе се изнајдат решенија“, додава тој. 

Ако не почнеме преговори се бара од нас нешто што не сакаме

Сепак, тој испрати порака, дека ако не почнеме преговори, треба да се знае дека се бара нешто неприфатливо. „Верувам дека Бугарија која беше најголем поддржувач ќе продолжи тоа да биде и во иднина. Во сите свои изјави и наративи тоа го потврдува. Јас верувам дека тоа ќе се случи во декември, но ако не се случи тогаш, треба да се знае дека се бара од нашата страна нешто што ние никако ниту смееме да разговараме ниту би сакале да го прифатиме“,изјави Заев.

Пријателите и браќата, порача тој, недвосмислено го потврдуваат фактот на постоење на македонскиот јазик и народ, и тоа не смее да биде доведено во прашање.

„Нема народи и држави што признаваат или не признаваат идентитети. Тоа е чувство, право на определба и голема европска вредност. Јас очекувам бугарскиот народ преку сите свои претставници да има недвосмислено потврдување на фактот на постоењето на македонскиот јазик и народ, затоа што пријателите, браќата го прават тоа, и не треба тоа да биде доведено во прашање. Како што слушам во изјавите на Борисов и другите, тие ја прифаќаат реалноста за постоењето на македонскиот јазик и народ и сакаат да дебатираат за заедничкиот и посебниот дел од историјата. Но, во духот на пријателството, верувам дека може да се изнајдат решенија“,вели Заев.

Премиерот останува на ставот дека нема потреба од лидерска средба за темите на кои што веќе работи комисија.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму сметаат дека е неопходно главните политички субјекти да седнат на маса за црвените линии особено кога станува збор за Гоце Делчев. Токму за ова прашање македонските и бугарските историчари не постигнаа согласност на последната средба во Скопје. 

Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски вели за нив е неприфатлива формулацијата која што неофицијално се говори дека е на маса како решение за ликот и делото на револуционерот.

„Доколку навистина биде прифатено од страна на СДСМ и Заев дека Гоце Делчев во регионална смисла на зборот е Македонец, а како националност, односно нација е припадник на бугарската нација, тоа ќе значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на македонската нација и современата македонската држава, дополнително понижување. Ова ќе биде апсолутно на негова одговорност, владина одлука која следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, доколку ја предводам јас, веднаш таа одлука ќе ја поништи и нема никогаш понатаму да ја почитува истата“, порача Мицкоски на Фејсбук.

Каракачанов со инженерски полк ќе руши споменици

Во актуелните историски препирки на релација Софија - Скопје, се вклучи  и бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана  Красимир Каракачанов. Тој во интервју за бугарското „Дарик радио“ вели дека „Северна Македонија треба да го почитува и спроведува Договорот што го потпиша пред три години. Не е неопходно да се потпишува нов договор“.

„Во Скопје решија дека можат да се закачаат со Бугарија. Веројатно добиле охрабрување од една или од друга земја, но продолжуваат на тој провинцијално-простачки начин да се однесуваат со една држава од која зависи нивната европска иднина“, обвинува бугарскиот министер за одбрана.

Во интервјуто, тој бара историјата до 1944 година да биде оставена намира, а во учебниците по историја да се запре со „гнасниот фалсификат“.

„Историјата на Македонија до 1944 година е бугарска историја, тоа е позицијата на нашата земја“, категоричен е тој.

Каракачанов ја обвини Македонија за провокација, а најави и дека ќе испрати ако треба инженерскиот полк (на бугарската армија) да дојде во земјата и да интервенира во спомениците.

„Буквално вчера тие одбија да работат во заедничката комисија. Празнуваа на 11 октомври национален празник против таканаречениот, од нивна страна, ‘бугарски окупатор’…Ако треба ќе им го пратам инженерскиот полк за да ги отстранат сите споменици кои не одговараат на историските факти“, порача Каракачанов.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми