1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев за ДВ: Ние сме лидери на Балканот

22 јули 2021

Северна Македонија е лидер во сите реформски процеси на Балканот, вели во интервјуто за Дојче веле, премиерот Зоран Заев. Според него, главната битка е како да се задржат младите луѓе да не заминуваат од земјата.

Nordmazedonien Premierminister Zoran Zaev
Фотографија: Government of North Macedonia

Траумите од 16,5 годишното чекање на зелено светло од ЕУ се преголеми, вели премиерот Заев во разговорот за ДВ, и порачува дека ЕУ е таа која сега треба да одлучи дали сака натамошно проширување.
„Кога (ЕУ, н.з.) ќе одлучат да ни го овозможат овој заслужен следен чекор, нека ни се јават, затоа што по 16,5 години чекање, тоа е преголема траума. Имавме 12 позитивни препораки од Европската комисија, имаме 100% успешност на реформскиот процес според последниот извештај за Западниот Балкан и највисок резултат со остварени 63% од заклучоците за реализација на Програмата за економски реформи. Ние сме лидери на Балканот. Затоа кога ќе донесат одлука ние сме подготвени, а во меѓувреме, ќе ја продолжиме европеизацијата на Северна Македонија“, вели Заев во интервјуто за емисијата „Конфликтна зона“ на Дојче веле. 

Целото интервју на англиски јазик можете да го погледнете тука: 


Македонскиот премиер се пофали со успесите на неговата влада во изминатите четири години и рече дека една од најважните задачи е да се спречи иселувањето на младите луѓе од земјата.

„Една од главните битки за секоја земја тука во Југоисточна Европа, исто така и за Северна Македонија, е како да се задржат младите да останат во земјата и да најдат работа затоа што загубивме многу во последните 15 години. Ни се случи големо иселување од сите земји на Југоисточна Европа кон Западна Европа, САД и други континенти. Имаме многу успешен процес имајќи предвид дека отворивме над 100.000 работни места во последните четири години во нашата земја. Просечната плата порасна за 45%, а минималната плата порасна за 65%. Имаме намалување на невработеноста од 24% на 16%. Но се разбира, подобрувањето на квалитетот на животот е најголемата гаранција дека младите луѓе ќе останат во земјата“, вели Заев во интервјуто за ДВ.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми