1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Власта на чекор до формирање на парламентарно мнозинство

ДТЗ
18 ноември 2021

Премиерот Заев утре ќе се сретне со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. Најавите се дека идната недела ќе се официјализира новото парламентарно мнозинство. За распределбата на министерските места допрва ќе се разговара.

Pressekonferenz der Nordmazedoniens Premierminister Zoran Zaev nach den Kommunalwahlen
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев е на чекор до формирање на парламентарно мнозинство. Тој утре во Клубот на пратеници ќе одржи средба со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши. На средбата, која што се најавува со денови, се очекува да стане збор за можноста Алтернатива да се приклучи на парламентарното мнозинство и да стане дел од Владата. 

Африм ГашиФотографија: Katerina Blazevska

Премиерот Зоран Заев смета дека парламентарното мнозинство е стабилно и изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година, а дотогаш Владата ќе се посвети на силен развој на економијата. „Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори“, изјави денеска Заев. 

Тој имаше средба и со пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, кој одигра клучна улога во четвртокот кога не дојде во Собранието на гласање доверба на Владата, со што пропадна иницијативата на опозицискиот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од Владата информираат дека на средбата ја потврдиле заедничката заложба за одржување и зајакнување на реформскиот и европскиот курс на земјата, како определба на огромното мнозинство граѓани. Тие исто така изразиле уверување дека народната волја за мирно и заедничко живеење во Северна Македонија и натаму ќе биде изразена преку стабилно демократско мнозинство во парламентот.

Ново стабилно мнозинство

Можноста за формирање на ново стабилно мнозинство во парламентот ја најави и шефот на дипломатијата и висок функционер на ДУИ, Бујар Османи, кој вели дека тоа ќе биде објавено идната недела. Според Османи, најважно е што Република Северна Македонија не дозволи да биде дел од проблемот, откако не успеа минатонеделниот обид на опозицискиот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ за гласање доверба на Владата. 

„Има неколку опции до тоа ново мнозинство и во моментот се случуваат разговори и преговори. Многу е важно дека рационалните политички сили, па и пратеници одлучија во овој момент државата да не ја претворат во дел од проблемот, туку во дел од решението на нашата европска перспектива“, вели Османи. Тој очекува наредната недела веќе да има стабилно мнозинство кое што ќе почне да се занимава со предизвиците и можностите што ги има Владата.

Османи смета дека бројката од повеќе од 60 пратеници е и вистинска и реална, а како ќе се реализира мнозинство, за тоа се разговара и договара со сите политички партии. Потоа ќе се договараат и министерските позиции

Бујар ОсманиФотографија: Ministry for Foreign Affairs of North Macedonia

Скендер Реџепи, пратеник и член на претседателството на Алтернатива, во изјава за „Слободен печат“ изрази верба дека Алтернатива ќе биде дел од Владата. Во исчекување на средбата меѓу Заев и Гаши, пратеникот вели дека очекувањата во партијата се дека предност ќе дадат на евроинтеграциските процеси на земјава и на програмските ветувања до граѓаните.

„Разликите во партијата се истопија и очекувам органите на партијата да донесат одлука за влез во Владата, но сепак ќе почекаме до конечната одлука. Интеграцијата на земјава во ЕУ е приоритет пред уривањето на Владата“, вели тој.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми