Заев на чело на СДСМ до враќањето на Црвенковски
1 септември 2008Реклама
Опозицискиот СДСМ ќе го чека враќањето на својот основач и прв лидер Бранко Црвенковски, кој по крајот на претседателскиот мандат во мај наредната година треба да се врати на чело на партијата. Потпретседателот Зоран Заев ќе ја води партијата до вонредниот конгрес на кој би требало повторно да се избере Црвенковски за шеф на партијата.
На партиската сцена во Македонија и опозициската ДПА се соочува со турбуленции. Поранешниот министер за здравство Имер Селмани најавува отцепување и формирање на нова партија, десно ориентирана со граѓанско либерална идеологија во чиј фокус нема да биде само т.н национално битие на Албанците во Македонија.