1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев: Нема да го кршиме Уставот со Резолуцијата

ДТЗ
13 јули 2021

Во Резолуцијата треба да стои Северна Македонија и да се почитува Уставот, вели премиерот, кој побара политичките партии да го почитуваат Уставот.

Nord-Mazedonien Prespa Forum Dialogue
Фотографија: Government North Macedonia

Владејачката СДСМ нема да ја поддржи Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии во преговорите со Бугарија ако не биде преформулирана со уставното име Република Северна Македонија. Ваквиот став денеска го официјализираше премиерот и лидер наСДСМ, Зоран Заев кој на прес-конференција рече дека за владејачкото мнозинство е неприфатлива Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ поднесена во Собранието за заштита на националните црвени линии, затоа што во неа не се користи уставното име на земјата. 

„Во резолуцијата на неколку места се споменува Република Македонија, а во Уставот стои Република Северна Македонија. Секоја резолуција има преамбула, а таму е избегнато уставното име“, рече Заев. 

-повеќе на темата: ДУИ вели „не“ за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за црвените линии со Бугарија

Премиерот нагласи и дека името е Република Северна Македонија, а не Република С. Македонија. „Во нашиот Устав не пишува дека ние сме Република С. Македонија, ние сме Република Северна Македонија. Граѓаните за тоа прашање се изјаснија на Референдум и согласно Уставот. Така што очекувам да се почитува Уставот од страна на сите коишто се должни да го почитуваат“, вели Заев. Тој посети дека законот предвидува казни за непочитувачите на Уставот, што важи и за политичките партии. 

Не повредува кога не нарекуваат тоа што не сме

Премиерот одговарајќи на новинарски прашања за изјавата на лидерот на „Има таков народ“, Слави Трифонов, кој го употреби зборот „северномакедонци“, оцени дека најверојатно станува збор за незнаење. „Ние сме Македонци, кои зборуваат македонски јазик од Република Северна Македонија. Верувам дека се работи за незнаење, бидејќи се работи за две пријателски земји кои никој пат немале проблем и секој пат сме биле нарекувани Македонци кои зборуваат македонски јазик. Кога некој не нарекува тоа што не сме, тогаш тоа повредува. Очекувам да се коригира, затоа што е претседател на политичка партија која освои гласови, а должност ни е да градиме пријателства и добри односи“, вели Заев. 

Запрашан какви се очекувањата за формирање нова влада во соседна Бугарија, Заев рече неговата желба пред се е во соседната земја да се формира влада.  

-повеќе на темата: Марјан Ѓорчев: Во односот на Софија кон Скопје нема ништо да се промени

„Влада им треба на граѓаните, на институциите да продолжат да функционираат заради потребите на граѓаните пред сè, а секако и тоа е добро затоа што со воспоставување на политичка влада, ние очекуваме исчекор во решавање на проблемот меѓу нас. Трети избори не гледам дека ќе сменат нешто, треба да се биде рационален и подолг период да не се остава да нема влада. Тоа се моите надеж. Очекувањата ми се 50-50 дека ќе се формира влада или ќе се оди на избори“, вели премиерот.  

Тој се согласува со бугарскиот претседател Румен Радев дека спорот меѓу двете земји треба да се реши билатерално. „Тоа се решава во Скопје или Софија, билатерално“, дециден е Заев. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми