1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев: Не смееме да обвинуваме цели нации за фашизам

ДТЗ
23 септември 2021

Неколкуте барања коишто ги испорача Бугарија, како услов да се тргне ветото и да се ослободи патот на Северна Македонија кон ЕУ, веќе неколку дена ја брануваат јавноста. 

Nord-Mazedonien Prespa Forum Dialogue
Фотографија: Government North Macedonia

Неколкуте барања коишто ги испорача Бугарија како услов да се тргне ветото и да се ослободи патот на Северна Македонија кон ЕУ веќе неколку дена ја брануваат јавноста. Патоказот, краткото и долго име на државата, немешање во внатрешните работи и преговарачката рамка, се конкретните чекори што ги побара бугарскиот државен врв на завчерашната средба со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Сепак, најголеми полемики во јавностапредизвика барањето голем дел од спомениците што ги има и во Бугарија и во Северна Македонија да бидат во пријателски дух и на фашизмот да не му се дава етничка димензија. Идејата е на спомениците и во учебниците по историја да се отстрани зборот „бугарски“ во делот каде што се споменува бугарскиот фашистички окупатор. 

„Ако има одредени други провокации кон нацијата, а не кон фашизмот и однесувањето во тој период, не можете да кажете дека градите добрососедство. Но, не смееме да обвинуваме цели нации за фашизам, како што не смее да се обвинува ниту германската, италијанската, или јапонската, па така и бугарската“, вели премиерот Зоран Заев

На новинарско прашање дали ќе се брише и германскиот и италијанскиот окупатор тој не кажа конкретно, но додаде дека имало соработници со фашистичкиот окупатор и во Македонија. „Ги знаеме сите тие соработници на фашизмот и апсолутно не треба според мене да изедначуваме цели нации, цели етникуми со фашизмот, затоа што не е во ред тоа“, рече Заев. 

Нема мешање во работата на комисијата 

Премиерот не смета дека менување на терминот бугарски и во учебниците е мешање во работата на заедничката македонско- бугарска Комисија за историски и образовни прашања. Спред него, назначувањето или именувањето на фашистички окупатор или давајќи етничка димензија на фашистичкиот окупатор не е делокруг на работата на историската комисија. „Историската комисија го работи делот на историските моменти, на тоа што се случувало до тогаш, кој каков револуционер бил, за што се борел, кој каков партизан бил или припадник на фашистичкиот режим во тоа време“, вели Заев.  

Ова прашање се отвори во јавноста по изјавите на бугарскиот претседател Румен Радев кој рече дека Бугарија очекува ефективни активности од институциите на Европската Унија за промовирање на вредностите на демократија и почитување на човековите права во Република Северна Македонија.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми