1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев: приближување со Грција за „лесните“ прашања

БГ
14 февруари 2018

Македонскиот премиер денеска оцени дека во преговорите околу спорот за името со Грција има позитивно придвижување за три од вкупно седум точки за кои се разговара.

Mazedonien Premierminister Zoran Zaev
Фотографија: Press service of the Government of Republic of Macedonia

Има постепен напредок во преговорите околу името, вели премиерот Зоран Заев и потврдува дека име со географска одредница е прифатливо за македонската страна.

„Од седум позиции кои беа појдовните точки на разговорите, знам дека веќе е намалено на четири позиции, три се отстранети. Јас верувам дека со политиката на новата Влада многу брзо ќе можат да се отклонат и другите позиции“, рече Заев денеска во Неготино. Според него, остануваат разговори за суштинските прашања меѓу кои ги набројува „името, уставот и јазикот...“. 

Повеќе на темата: 

Маратонот во Виена не ги поместил позициите на Скопје и Атина?! 

Македонија почна да го растовара тешкиот багаж

Колку преговарачи има Македонија во спорот за името?

Тој меѓу редови го искритикува постојаното повикување на „црвени линии“ во преговорите од грчка страна и ја отфрли можноста за интервенции во Уставот.

Во делот на можната одредница која треба да се додаде кон името, Заев за првпат потврди дека се отфрлени „временската одредница“ и некои „други укажувања“, и ставот на владата е прифатливо име со географска одредница.

„Тоа значи за нас е прифатливо име со географска одредница, односно ги отклонуваме сите други кои беа временска одредница, или некои други укажувања кои беа како предлози“, вели Заев.

Во медиумите досега се вртеа пет имиња како предлози на медијаторот Метју Нимиц: Горна и Северна Македонија (како типични географски одредници), Вардарска (која може да се толкува како географска), Нова Македонија (временска) и Република Македонија (Скопје). Според изјавата на Заев, најмалку две од овие пет имиња: Нова и Скопје во заграда, би требало да отпаднат.

Доколку двете страни најдат решение, одлуката ќе биде изнесена пред граѓаните на референдум, рече Заев.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми