1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев: Сорабоката со Шекеринска ќе продолжи

ДТЗ
22 април 2021

По најавите дека Радмила Шекеринска нема да се кандидира за негова заменичка, лидерот на СДСМ вели дека нивната соработка и понатаму ќе продолжи

Mazedonien Verteidigungsministerin Radmila Sekerinska und Premier Minister Zoran Zaev
Фотографија: Press service of the Government of Republic of Macedonia

Радмила Шекеринска по осум години повеќе нема да му биде заменичка во партијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но тој најавува дека нивната соработка и понатаму ќе продолжи.
„Шекеринска е една од најзаслужните за нашето членство во НАТО, за преговорите со ЕУ. Јас ќе продолжам да соработувам. Верувам дека на многу заеднички проекти ќе соработувамe“, порача денеска премиерот. Тој додава дека таа не поднела  оставка, туку најавила дека нема намера да се кандидира за заменик претседател во следниот мандат. „Ние заедно прифативме да го водиме СДСМ во едно многу тешко време“, дециден е Заев.

Радмила Шекеринска, која ја извршува функцијата министер за одбрана, вчера најави дека нема да се кандидира повторно за заменик-претседателка на СДСМ, на претстојниот конгрес на СДСМ во мај. Таквиот потег во јавноста се толкуваше како нејзино можно дистанцирање од премиерот, но се актуелизираа и шпекулациите дека е можен нејзин ангажман како амбасадор во Вашингтон, престижна позиција којашто се уште не е пополнета.

-повеќе на темата: Промени само во СДСМ, Владата нема да се чепка

Заев одговарајќи на новинарско прашање, денеска рече дека прашањето дали Шекеринска со повлекување од партиската функција се дистанцира од него, треба да се упати на нејзина адреса.
„Шекеринска ќе ја прашате дали се дистанцира од мене. Taa e eдна од моите први соработници“, вели тој. Во однос на шпекулациите за амбасадорското место, тој вели дека немаат разговаразно за тоа, бидејќи Шекеринска е министер за одбрана. „Би било невнимание да се разговара за тоа. Мислењето на Радмила за Зоран Заев, треба да го каже Радмила. Јас и Радмила, како и огромен процент на раководството, се договоривме да го возобновиме СДСМ, да дадеме шанса на нови ликови. Луѓето сакаат во 21 век инвентивности кои ќе го забрзаат растот на државата“, вели Заев.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, актуелна заменик-претседателка на СДСМ, вчера објави дека нема да се најде на кандидатската листа за функција на претстојниот изборен конгрес на партијата, кој треба да се одржи на 16 мај.
„Добив прашање од мојата општинска организација дали сум кандидат, кажав дека не сум, затоа што сметам дека и СДСМ и политичката сцена на С. Македонија, одат напред кога постојано продуцираат нови кадри. Апсолутно, пристапот кон конгресот треба да ни биде да формулираме и нови политики, а тие да бидат подобри“, изјави таа.

-повеќе на темата: Костадиновска: Говорот на омраза е огромен, заканите по живот безбројни

Во однос прашањето дали е потенцијална кандидатка за амбасадорка во САД, таа вели: „Во ниту еден момент не сум учествувала во дискусија по ова тема. Таа тема долго време беше интересна за јавноста, имаше информаци, дезинформаци, деманти“. Според Шекеринска, се работи за многу важно место, кое што особено станува значајно имјаќи предвид дека новоизбраниот претседател на САД доаѓа со една нова поактивна политика и на Балканот. „Тоа е прашање за кое не се дискутира преку изјави, туку во рамки на МНР, па во Владата и во соработка со претседателот. Јас се чуствувам заморено да дезинформираме, па да демантираме. Мислам дека е срамота за едно такво место да се игра медиумска игра“, додава таа.

На конгресот на 16 мај, делегатите треба да гласаат за нов заменик-претседател на СДСМ, а треба да се избере и нов состав на Централниот одбор на партијата и нов Надзорен одбор.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми