1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев: Се вративме на главниот автопат кон Европа

ЕМФ
12 февруари 2019

Пред зградата на македонската влада денеска се одржа свечена церемонија на подигнување на знамето на НАТО. Премиерот Заев во својот говор порача дека иднината веќе не е судбина.

Mazedonien NATO
Фотографија: Regierung Mazedoniens

Македонскиот премиер Зоран Заев на церемонијата на подигнување на знамето на НАТО пред зградата на владата, оцени дека Македонија успеала и дека е на вистински пат кон прогрес и развој.

„Иднината повеќе не ни е судбина. Ние ја презедовме судбината во свои раце и ја одредивме иднината. И можеме да бидеме спокојни и целосно сигурни дека со завршување на ратификациите во сите парламенти на нашите сојузници, нашата земја, која наскоро ќе го носи географски прецизното име Северна Македонија, и официјално станува 30-та полноправна членка на НАТО, со право на глас. Со тој чин стануваме безбедна земја. Стануваме свои на своето“, рече Заев пред присутните, меѓу кои и претставници на власта, армијата, дипломатскиот кор и гости од граѓански и државни институции.

Премиерот додаде дека знамето на НАТО, заедно со европското и македонското, ја одредува „нашата и иднината на нашите поколенија“: „Тоа не е само симболика. Тоа е реалност. Тоа е нова страница во нашата историја“, нагласи тој.

Заев: Ја презедовме судбината во свои рацеФотографија: Regierung Mazedoniens

Сепак, Заев предупреди дека нема место за еуфорија. „Нѐ чека повеќегодишна сериозна работа во спроведување на реформите. За да бидеме успешни и да ги забрзаме историските процеси треба во наредните години, дали ќе бидат шест, осум или десет зависи од нас самите, со истата истрајност како за Договорот од Преспа сите да се посветиме целосно на остварување на членството во Европската унија.“

Премиерот и денеска побара „мораториум на кавгите кои ги попречуваат, или оддалечуваат нашите најголеми државни интереси и стратегиски цели за кои сите тврдиме дека се неспорни“: „Можеме и треба да се натпреваруваме и критикуваме за нашите идеи кои треба да водат кон истата цел. Но, не смееме да дозволиме битките за власт да ги попречуваат и одлагаат нашите цели.“

Идната Република Северна Македонија на масата на НАТО

00:24

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми