1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заев-Ципрас: Изгубивме многу време, сега мора да се „трча“

ЕМФ / макфакс
2 април 2019

Македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во Скопје зборуваа за историски важен ден. На прес-конференција тие потенцираа дека сакаат да го остават минатото и да се фокусираат на соработката во иднина.

Nord-Mazedonien Alexis Tsipras mit dem mazedonischen Kollegen Zoran Zaev in Skopje
Фотографија: Regierung Nord-Mazedonien

Македонскиот премиер Зоран Заев е уверен дека Преспанскиот договор ќе биде поддржан и од опозициските партии во Македонија и Грција, бидејќи „граѓаните како поминува времето сѐ повеќе ќе стануваат приврзаници на истиот и ќе го поддржат”. На прес-конференцијата во Скопје со грчкиот колега Алексис Ципрас, Заев нагласи дека „имплементацијата на договорот од Преспа е во полн ек“.

„Праксата ќе покаже дека договорот е добар за двете страни. Дали опозицијата ќе се откаже од договорот и ќе се тргне од НАТО или, пак, ќе престане со преговорите за ЕУ – ‘не’. Ова е неповратен процес, договорите ќе бидат поддржани и од опозицијата”, рече Заев, додавајќи: „И Мицотакис и Мицкоски само со текот на времето ќе дадат поддршка на овие соработки. Тоа е прагма, тоа е политика, тоа е памет. Да бидете поддржувач на она што народот го сака.“

Според македонскиот премиер, денешниот ден е „историска одредница“. За „важен ден“ за двете земји, но и поширокиот регион, зборуваше и грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој оцени дека со Заев се прави обид за изградба на „поинаков наратив“, односно „наратив на соработка, заемно разбирање и заеднички раст“.

Изгубивме многу време, рече Ципрас, нагласувајќи дека сега мора да се „трча“, мора да се „премостат јазовите“.

„Разговаравме за соработка во рамки на НАТО и регионот. Квадрилатерална соработка. Најважно прашање беше економијата, мора да забрзаме да ги премостиме јазовите. Има многу грчки претприемачи кои се активни во Северна Македонија. Сепак, денес носиме повеќе од 100 кои ќе имаат можност да разменат идеи на бизнис-форумот за подобри билатерални односи", изјави Ципрас.

Поврзани со пријателство: Алексис Ципрас и Зоран ЗаевФотографија: Regierung der Republik Nord-Mazedonien

Заев информираше дека со грчкиот колега потпишал Акционен план што го договориле министрите на билатералните средби.

„До средина на мај ќе се формира експертска група за употреба на договорот и името, како и имплементација на договорите за соработка во одбраната и залагањето на Грција за наш влез во ЕУ. Со овие договори создаваме соработки кои го подобруваат животот на нашите сограѓани", рече Заев, кој упати порака до сите граѓани во земјата да создаваат пријателство со соседите од Грција исто како што и тој го создал своето пријателство со Ципрас во изминатите неколку месеци. Во интерес на зближување на народите, според Заев, е и договорот за отворање на нов граничен премин со Грција кај Кавадарци.

Повеќе:

 Грчко-македонскиот бизнис се враќа на брз колосек

Ципрас во историска државна посета кај поранешниот државен непријател

Двајцата премиери се согласија дека треба да се искористи интересот на големите сили за регионот и дека тој интерес е добредојден. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со античките споменици кои беа дел од проектот „Скопје 2014", Ципрас во Скопје рече дека наскоро ќе се затворат дилемите по ова прашање и дека ним местото им е во античкото грчко минато.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми