1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија во Ќустендил

СН/ЖА/миа26 јули 2013

На заедничката седница на 28 јули ќе стане збор за унапредување на добрососедските односи, за прашања од интерес на двете земји, за европските и евроатлантските интеграции и за продлабочување на економските односи.

Фотографија: NIKOLAY DOYCHINOV/AFP/Getty Images

Македонската и бугарската влада ќе одржат заедничка седница в недела на 28 јули во пограничниот бугарски град Ќустендил.

Според информациите, се очекува на средбата од македонска страна покрај премиерот Никола Груевски, да присуствуваат и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

На средбите ќе стане збор за унапредување и продлабочување на добрососедските односи, за прашања од интерес на двете земји, за европските и евроатлантските интеграции на регионот, продлабочување на економските односи, зголемување на трговската размена и други прашања од заеднички интерес.

Од македонската влада за новинската агенција МИА изјавија дека ова е позитивен чекор во придонесувањето на унапредувањето на добрососедските односи и продолжување на позитивната практика на одржување на средби со раководствата на соседните држави и заеднички владини седници со соседните земји, како што беше седницата со српската влада, скорешната со Бугарија во Ќустендил, а има расположение и позитивен одговор на македонските иницијативи за заеднички владини седници и од Албанија и од Косово.

Во рамките на седницата, ќе се одржат и премиерска тет а тет средба меѓу премиерите Груевски и Орешарски, и поединечни средби на присутните членови на владите од двете страни, за потоа да се заокружи средбата со заедничка пленарна меѓувладина седница.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми