1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заинтересираните за работа во Германија чекаат предолго

ЕМФ
7 јули 2017

Германија воведе посебни правила за работа на заинтересирани од државите на Западниот Балкан. Овие правила имаат недостатоци, а ЦДу и ЦСУ ги истакнуваат за пример за своите планови за доселување.

Deutschland Wirtschaftswachstum Logistik
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Христијанско-демократската и Христијанско-социјалната унија (ЦДУ и ЦСУ) сакаат поинаку да го регулираат доаѓањето во Германија на квалификувани работници од земјите надвор од ЕУ“, пишува денеска весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, анализирајќи ја актуелната состојба во оваа сфера во Германија: „Оние кои доаѓаат на тој начин, во иднина би требало да имаат олеснет пат - доколку веќе имаат договор со работодавачот. Како пример за таа мерка би требало да послужат специјалните одредби за вработување работна сила од Босна и Херцеговина и Србија, како и останатите земји од Западниот Балкан. 'Тоа сега сакаме да го внесеме во закон', рече претседателката на ЦДУ, Ангела Меркел, а шефот на ЦСУ, Хорст Зехофер, потврди: 'Тоа функционира многу добро со Балканот'. Но, ако се погледне повнимателно, таа регулатива не функционира толку добро како што тоа го претставуваат Меркел и Зехофер. Зашто често голема препрека за работодавачите и за работниците претставува долгото чекање работна виза. Понекогаш толку долго, што согласноста на германската Агенција за труд, која е неопходна за да биде покрената процедурата, истекува, односно ја губи важноста додека трае тоа чекање.“

За да добијат можност да поднесат барање за виза во германските амбасади во земјите во регионот, заинтересираните чекаат со месеци, а потоа следува уште и дополнителен период на чекање на одговор на барањето, пишува ФАЦ:

„Регулативата за Западен Балкан формално претставува поедноставување на вообичаените прописи за вработување странски работници - таа не бара кандидатите да добијат работно место во точно определено дефицитарно занимање или да имаат посебен квалификациски профил. Одлучувачки е германскиот работодавач да сака да ги вработи. Таа мерка е донесена кон крајот на 2015 година, за да ги одврати граѓаните на Западен Балкан од масовно доаѓање во Германија со цел тука да се добие азил - што по правило е безизгледно.“

Фотографија: dapd

Весникот наведува дека според германското Министерство за надворешни работи „амбасадите би требало да добијат дополнителен персонал кој одлучува за доделување визи, за процедурата во иднина да тече побрзо“:

„Но, искуството покажува дека е неопходна реформа на имиграционото право во насока на систем со поени. Со ваков концепт, кој покрај Зелените, во слична форма го бараат и социјалдемократите и либералите, врз основа на критериуми како што се квалификациите, староста или знаењето на јазикот би можело да се одлучува кој смее да допатува во Германија. Но, во тој случај не би морало веднаш да се поднесе доказ за вработување. Оној кој ќе достигне одреден број поени, би можел да добие една година време за да најде работа во Германија“, пишува ФАЦ.

#DE_facto: Како до работа во Германија?

02:40

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми