1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Закана со напади врз косовската полиција

СН/АМ/мф/миа12 ноември 2013

По апсењето на шест лица осомничени за планирање на терористички напади косовската полиција добила порака во која се бара нивно ослободување. Во спротивно полицијата би се соочила со напади.

Фотографија: DW

Организацијата, која себеси се нарекува „Џихад на Косово“, денеска и’ се закани на косовската полиција дека ќе се соочи со „ужасни напади“, доколку веднаш не ги ослободи шесте лица уапсени поради сомнеж за подготовка на терористички напади и поради врски со терористичката организација Ал Нусра, огранок на мрежата на Ал Каеда во Сирија.

„Косовската полиција ќе се соочи со ужасни и болни напади. Без сомнение ние имаме мажи, кои повеќе ја сакаат смртта, отколку вие животот на овој свет. Тоа е војската на Господ, која ќе победи“, се наведува во пораката, која е испратена од имејл адресата dzemat-dzihad@hotmail.com, јавуваат косовските медиуми. Косовската полиција, според медиумите, со најголем степен на сериозност го анализира добиеното соопштение.

Полицијата вчера во операцијата „Ураган“ уапси шест лица меѓу кои и Генц С., познат како Ебу Хафс Ал Албани, за кого, како што наведуваат косовските весници, постои сомнеж дека е дел од мрежата на Ал Каеда на Балканот. Ал Албан едно време бил во Сирија и се борел на страната на бунтовниците заедно со други Албанци. Откако се вратил на Косово биле прислушувани сите негови разговори. Одреден му е притвор од 30 дена.

За четворица од останатите пет лица, уапсени при полициската акција во Приштина и во Гњилане, постојат сомнежи дека се поврзани со терористички активности, додека едно е осомничено за ширење на верска омраза.

Припадниците на Одделот за истрата и злосторства на полицијата по повеќемесечната истрага во координираната операција „Ураган“ пронајдоа и поголемо количество оружје.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми