Закани со смрт за Ханија
12 јуни 2006Радикалниот Хамас, кој во парламентот има мнозинство, референдумот го оцени како илегален. Дебатата на парламентот се пренесува преку видео бим меѓу Рамала и појасот Газа, со оглед на тоа што израелското раководство го затвори патот меѓу појасот Газа и западниот брег за пратениците на Хамас. А, од Израел, денеска доаѓаат и закани по животот на палестинскиот премиер, Исмаил Ханија.
Доколку Хамас повторно изврши самоубиствени атентати во Израел, според шефот на комисијата за надворешни прашања и за одбрана во израелскиот парламент, Захи Ханегби, Ханија може да биде убиен. Тој алудирајќи на целните изралески убиства на двајца поранешни високи претставници на Хамас, рече: “Ханија, Јасин и Рантиси те чекаат доколку ти на ист начин ликвидираш Евреи, вршиш насилство и преземаш самоубиствени атентати.“
Ханегби не му припаѓа на најтесниот круг околу израелскиот премиер, Ехуд Олмерт. Во текот на викендот, меѓутоа, и израелскиот министер за одбрана, Амир Перец го заостри тонот, во иста насока:
“Ниту една титула, ниту една политичка позиција нема да служи како заштита за некого за кого ќе заклучиме дека планирал убиства или учествувал во нивно извршување.“