1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Закон за јазици: Собранието на раб на инцидент

БГ
14 март 2018

Во Собранието полека зовриваат страстите по најавата на спикерот Талат Џафери дека се отвора расправа за законот за јазиците во трето читање. Пред парламентот протести, во него препукувања и блокади.

Mazedonien Parlament in Skopje
Фотографија: picture-alliance/PIXSELL/HaloPix

Собранискиот спикер Талат Џафери попладнево мораше да ја прекине седницата откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидоа да го спречат во обидот да ја најави расправата по точката за Законот за јазици. Најупорен во блокадата беше екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски кој се обиде и физички да го попречи Џафери да продолжи да зборува, му го тргна микрофонот и му истури вода на работната маса. Меѓу Џафери и Груевски дојде и вербална расправија, кога собранискиот спикер се обиде да ја напушти салата. Повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ претходно ја блокираа собраниската говорница.

ВМРО-ДПМНЕ бара да се одложи расправата за Законот за јазици, или да се овозможи расправа по 35-те илјади амандмани кои тие ги поднесоа на Законот.

Според најавите од Собранието, владејачкото мнозинство сака Законот да се изгласа без расправа по амандманите, односно планира нивно „ан-блок“ отфрлање.

Пред Собранието од попладнево протестираат неколку стотици граѓани кои се противат на донесувањето на Законот за јазици.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми