1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германците ќе мора да ги шетаат кучињата двапати дневно

БГ/ ДВ
20 август 2020

„Домашните миленици не се играчки“, вели германската министерка за земјоделство Јулија Клокнер. Новите правила, доколку бидат изгласани, ќе го ограничат и бројот на кучиња кои можат да ги поседуваат одгледувачите.

Symbolbild Hunde an der Leine Gassi gehen
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Klose

Германската министерка за земјоделство најави дека ќе предложи контроверзен нов закон со кој ќе се бара од сопствениците на кучиња да ги шетаат своите миленици најмалку двапати дневно, и тоа најмалку еден час севкупно. Новите правила ќе им забранат на сопствениците да ги врзуваат кучињата на подолги периоди или да ги оставаат дома сами. Речиси секој петти Германец поседува куче во својот дом; а вкупниот број на кучиња како домашни миленици е околу 9 милиони.
„Кучињата не се играчки за гушкање и нивните потреби мора да се земат предвид“, изјави министерката за земјоделство Јулија Клокнер. Таа вели дека нејзиното министерство делува во согласност со „новите научни истражувања за потребите на кучињата“.
И одгледувачите на кучиња ќе бидат погодени од новото законодавство. Ним ќе им биде дозволено да чуваат најмногу три женски пси во исто време. Ќе бидат регулирани и минималниот простор и максималната температура во престојувалиштата на кучињата.

Како да се прошета кучето и покрај полицискиот час?

00:44

This browser does not support the video element.

Нереални правила

За многу сопственици на кучиња, новите правила звучат нереално. Тие велат дека, иако на кучињата треба да им се овозможи најмалку еден час прошетка дневно, треба да се земат предвид и факторите како староста, здравјето и видот на кучето пред да се регулира што е добро за секое животно. Планираниот закон, за кој се уште нема утврден датум на имплементација, ќе биде спроведен во сите 16 германски покраини. Се уште е нејасно како ќе се спроведува законот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми