Закон и правосудство
Заложничка драма во Келн
15 октомври 2018Реклама
Според досегашните непотврдени извештаи, заложничката драма започнала во 12 часот и 45 минути. Полициски службеник не сакаше да даде детали со оглед на тоа што полициската акција е сѐ уште во тек, но рече дека постои „заканувачка ситуација во една аптека“.
Во меѓувреме ситуацијата е појасна, како што соопшти полицијата преку Твитер. Во железничката станица се присутни бројни полициски сили и пожарникари, а сообраќајот е прекинат, сите возови се пренасочувани. Некои извештаи велат дека се слушнале и истрели, но тоа не е потврдено од полицијата, која побара од граѓаните да не се приближуваат кон железничката станица.