1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Замав без крај“ за германската економија

СН/ агенции
12 мај 2017

Почеток на годината, каков што само може да се посака, за германската економија. Најголемото европско стопанство и покрај политичките неизвесности ги зголемува вртежите. Дури и времето придонесува за тоа.

Deutschland Containerterminal Hamburg
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Charisius

Германската економија во првиот квартал на 2017 година остварила раст од 0,6 насто, проследен со пораст како на домашната така и на надворешната побарувачка, што е во согласност со предвидувањата. Сојузната агенција за статистика во Визбаден соопшти денеска дека градежната индустрија имала корист од благата зима но и оти инвестициите во машини и во опрема  меѓу јануари и март годинава биле „значително зголемени“ во однос на истиот период во 2016 година.

Агенцијата наведува дека и домаќинствата и државата ги зголемиле трошоците за потрошувачка во првите три месеци на 2017 година.  Германската економија инаку  во последното тромесечие во минатата година забележа раст 0,4 насто.  „Германската економија е на курс на раст“ , оценија статистичарите. Со тоа таа покажа издржливост во политичката неизвесност , која настана со стапувањето на функцијата на американскиот претседател Доналд Трамо и со сѐ поблиското излегување на Велика Британија од Европската Унија. Економистите со кои разговараше новинската агенција Ројтерс истакнуваат дека ваквиот раст на германскиот Бруто-домашен производ во првиот квартал од 2017 година за нив бил очекуван.

Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Gambarini

Рекорден број отворени работни места

Економистото на консултантската куќа ИНГ груп, Картен Брѕески изјави дека германското стопанство профитира од комбинација на фактори, која ги вклучува силниот пазар на труд, поголемите заработувачки, ниските камати и слабото евро.

Растечката конјунктура доведе и до силно пролетно заживување на пазарот на труд во Германија. бројот на невработени во април паднал на 2,569 милиони, соопшти денеска Сојузната агенција за труд во Нирнберг. Тоа се 93 илјади невработени помалку отколку во март и 175 илјади помалку отколку во истиот месец во 2016 година.

Значи на стопанството јму оди добро а со тоа и на пазарот на труд. Загриженост на експертите им задава , меѓутоа недостатокот на стручна работна сила. Во некои бранши, на претпријатијата им е сѐ потешко да најдат соодветен персонал. Бројот на отворени работни места е на рекордно високо ниво, порачуваат претпријатијата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми