1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заменик-генералниот секретар на НАТО во посета на Македонија

СН/БГ/миа/макфакс18 јули 2012

Предвидено е Александар Вершбоу да се сретне со премиерот Никола Груевски, со министерот за надворешни работи и за одбрана Никола Попоски и Фатмир Бесими, како и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Фотографија: DW/Petr Stojanowski

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Александар Вершбоу, денеска (18.07) ќе престојува во официјална посета на Македонија. Ова е негова прва посета на земјата по стапување на функцијата во февруари оваа година.

За време на неговата посета, предвидено е Вершбоу да се сретне со премиерот Никола Груевски, со министерот за надворешни работи Никола Попоски, со министерот за одбрана Фатмир Бесими, како и со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, беше најавено во седиштето на Алијансата во Брисел. Повеќе детали за целта за посетата и темите за разговорите со македонските владини преставници не беа соопштени.

Се очекува на средбите да биде разговарано за актуелните односи меѓу Република Македонија и НАТО, имплементацијата на целите и активностите во Годишната национална програма за членство на земјата во НАТО, со посебен акцент на перспективите за што побрзо зачленување на Македонија во Алијансата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми