Заминувањето на Лафонтен од СПД
25 мај 2005,, Чекорот на Лафонтен и заканите на партискиот врв ја погодија Социјалдемократската партија во еден мошне неповолем момент.,, пишува весникот Ханделсблат и додава :
,,Некои левичарски ориентирани членови размислуваат дури и за тоа и тие да ја напуштат партијата пред тоа од нив да го побара партискиот врв. Заминувањето на Лафонтен со себе носи и опасност која не треба да се потцени и која би можела да ја загрози социјалдемократската партија на изборите. Коалицијата која што ја најавуваат либералите и левичарскиот сојуз на чело со Лафонтен можеби немаат шанзи за борбата на власт на претстојните избори и веројатно нема да ги освои неопходните 5 проценти за влез во парламентот. Но во секој случај може да се освојат многу гласови и со тоа уште повеќе да се ослабат социјалдемократите“, наведува Ханделсблат.
Франкфуртер Рундшау за потегот на поранешниот претседател на Социјалдемократската партија пишува:
,, Дали воопшто беше спорно дека Лафонтен ќе замине од партијата? Можеби тоа можеше да се забележи во неговите настапи. Но тоа беше повеќе тактика отколку вистинска неизвесност. Поранешниот прв човек за централно економските и политичките прашања има толку многу различни раѕмислувања во однос на сегашните социјалдемократи , така што потполно го исклучи од предвид на пример, изнаоѓањето меѓусебен договор. Многу поважно прашање од тоа каква ќе биде иднината на Оскар Лафонтен е дали општествената левица , по седум години црвено зелена коалиција, во иднина ќе има сили да раѕвие нови, подобри перспективи“ , прашува коментаторот на Франкфурер Рундшау.
И неговиот колега од Старубингер Блат ја анализира политичката ситуација во Германија. На таа тема во весникот читаме:
,, Во борбата за канцеларијата на Герхард Шредер речиси е невозможно да се извојува победа. За тоа би морал да се погрижи Оскар Лафонтен , кој ја напуштио социјалдемократската партија. Доколку му појде од рака да ја поттикне левичарската изборна алтернатива заедно со либералите и нивниот долгогодишен шеф Грегор Гизи, на социјалдемократите им претстои катастрофа. Двајцата демагози, навистина, не нудат подобри и посодржајни концепти, но мајстори се во убедување. Гласовите кои што иѕборната алтернатива им ги зема на социјалдемократите на парламентарните иѕбори во 2002-та година, доведе до промена на владата,, потсетува Старубингер Тагблат.
,, Дали одмаздникот ќе послужи како магнет ѕа избирачите во една нова, лево ориентирана партија, се прашува и коментаторот на Франкфуртер Алгемнајне цајтунг и продолжува:
,, Од 1999 година Лафонтен не ја пропушти шансата самиот себе да се окарактериѕира како егоист. Своите леви корени ги откри дури кога повторно посака да настапи против Шредер. Затоа е разбирливо одбивањето на СПД да го прифати како еден од лидерите. Со него никогаш не се знае“, наведува Франкфуртер Алгемајне цајтунг.