1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Замрзнат имот на ВМРО-ДПМНЕ

ЕМФ /агенции
1 ноември 2018

Основниот суд Скопје 1 донесе одлука за замрзнување на имот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, вклучително и зградата каде што е седиштето на партијата.

Mazedonien Gebäude Regierung
Фотографија: DW/P. Stojanovsk

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека по негово барање судија на претходна постапка на Основен суд Скопје 1 донесол решение „со кое е изречена привремена мерка за обезбедување на имот на ВМРО-ДПМНЕ“. Со таа мерка се замрзнати вкупно 69 недвижнини, меѓу кои и зградата каде што се наоѓа седиштето на опозициската партија. Тоа значи забрана за отуѓување на конкретниот имот и давање под закуп на истиот.

Имотот на ВМРО-ДПМНЕ е замрзнат по барање на СЈОФотографија: DW/P. Stojanovski

Дејствата, како што соопштува СЈО, се преземени во рамки на предметот „Талир“, поради тоа што „постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката“.

Повеќе:
СЈО го внесе судот во „портокалова фаза“

Може ли Груевски да очекува „подобри времиња“?

ВМРО-ДПМНЕ бара одмрзнување на имотот

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, денеска оцени дека барањето на СЈО и одлуките на судиите биле неосновани, без аргументација и политички мотивирани. 

„ВМРО-ДПМНЕ како правно лице не е осомнично во постапката и се гледа дека се работи за прогон. Се причинува штета на партијата“, изјави Јанушев.

Тој соопшти дека ќе ги информира сите меѓународни институции и ќе бара лична и политичка одговорност.

„Можете да ни се заканувате и уценувате, но не ви се плашиме“, порача Јанушев и додаде дека вкупниот имот на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 10 милиони евра.

Пред неколку дена, во интервју за „МКД.мк“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави дека партијата размислува да го продаде или изнајмува објектот на штабот на партијата: „Размислуваме за рационализација на трошоците во партијата. Ако имаме соодветна понуда, објектот на штабот на партијата би го продале или би го изнајмувале доколку има соодветна понуда. Сега правиме еден вид скенирање на пазарот, па ќе видиме“, рече Мицкоски во интервјуто.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми