1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западен Балкан: И по самит... самит

Самир Хусеиновиќ
8 јули 2019

По самитот во Познањ, лидерите на западнобалканските држави повторно ќе седнат на иста маса во Сараево. Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа нема да ги реши клучните проблем, но барем ќе се разговара...

Symbolbild Westbalkan Flaggen (mit EU)
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/Qian Yi

Самитите посветени на Западниот Балкан од една страна се корисни, а од друга - рутински, вели поранешниот босански дипломат Слободан Шоја. „Пример за полза, но и за рутина е и Берлинскиот самит.  Амбициозно беше најавен, беше многу сериозен, како што само Германците можат да бидат, се разговараше за многу прашања. Сепак, беше малку постигнато. Поместувања имаше, но останаа клучните и речиси нерешливи проблеми“, вели Шоја. 

Тој верува дека слично ќе биде и во Сараево, на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа:„ Срдечна атмосфера, насмевки и завиени дипломатски изјави, но во заднината на сето - неспокој, недоразбирања и разни други производи на некомпетентноста и површноста на балканските лидери“. Шоја предвидува дека ваквите конференции во иднина ќе бидат сѐ порутински и понеплодни, бидејќи европската перспектива на Балканот е во полоша позиција отколку пред неколку години.

Милан Ситарски од Институтот за општествено- политички истражувања (ИДПИ) од Мостар смета дека сараевската средба, како и неодамнешниот самит за Западниот Балкан во Познањ, во рамките на Берлинскиот процес, се одржува во „изразено неповолни услови“. „Најнапред, највисоките тела на ЕУ се во процес на конституирање, кој е потежок и понепредвидлив од кога било, така што не може да се очекува ЕУ активно и реално, а не само декларативно, да му се посвети на овој дел на континентот пред да заврши тој процес. Потоа, геополитичките ризици во опкружувањето на Европа дополнително го отргнуваат вниманието на европската политичка елита од нашиот регион“, вели Ситарски.

Фотографија: picture-alliance/AA/O. Marques

Голема грешка на ЕУ со Северна Македонија

Турбулентни се и состојбите во регионот: „Ситуацијата е исклучително неповолна во Албанија, каде практично постои некоја криза на легитимитетот. Во Србија и Црна Гора исто така постои длабок јаз помеѓу власта и опозицијата. Ниту во една од тие земји, ситуацијата не може да се смета за регуларна во смисла на европските демократски стандаради“, вели Ситарски.

Повеќе:

-Познањ: Многу пари, малку успешни приказни

-Западниот Балкан во редот за чекање

-Познањ: Датумот за преговори не треба да се одлага

Тој потсетува и на комплицираните односи и на блокадата на дијалогот помеѓу Белград и Приштина, а упатува и на една грешка на ЕУ: „Речиси е неверојатно дека европските лидери пропуштија недвосмислено да ја наградат Северна Македонија за постигнувањето и спроведувањето на Преспанскиот договор, што воопшто не беше лесно. Но се надевам дека таа голема грешка ќе биде исправена по конституирањето на телата на ЕУ“, вели Ситарски. 

Што се однесува пак до БиХ, поранешниот дипломат Шоја вели дека како што одминува времето земјата сѐ повеќе се одалечува од ЕУ. „Додека Унијата преживува сѐ поочигледен период на замор и разочарување од проширувањето кон Балканот, БиХ не прави ништо конкретно за да ги задоволи строгите услови на Брисел, вели Шоја.

Кој доаѓа во Сараево?

Во Сараево требаа да допатуваат шефовите на држави или на влади на Албанија, Бугарија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија, Србија и на Турција, но косовскиот претседател Хашим Тачи ја одби поканата да дојде во Сараево. Аналитичарите велат: на штета на Приштина. Вниманието на медиумите го привлече најавата за доаѓање на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

За аналитичарите тоа начелно е позитивен факт со оглед на економската сила на Турција и нејзиното значење за регионот. Тие потсетуваат, меѓутоа, дека треба да се имаат предвид и лимитите кои ги претставуваат проблемите во функционирањето на демократијата во таа земја.

Фотографија: Reuters/M. Sezer

Инаку, главни цели на Процесот на соработка во Југоисточна Европа(SEECP - South-East European Cooperation Process) се јакнење на безбедноста, стабилноста, позитивното политичко опкружување, економските односи, како и соработката во развојот на демократијата. Процесот е основан во 1996 година како регионален форум за земјите од ЈИЕ, во чии рамки државите членки настојуваат да зачуваат траен мир по судирите во деведесеттите години и да ги зајакнат и забрзаат европските и евроатлантски интеграции.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми