1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сите сакаат во Германија

Марина Мартиновиќ/сн15 септември 2015

Германската министерка за труд Андреа Налес, има намера да стави на располагање 20 илјади работни места годишно за луѓето од Западен Балкан. Интересот е голем. Меѓутоа...

Фотографија: picture-alliance/dpa

...20.000 работни места годишно! За луѓето од земјите на Западен Балкан тоа звучи како повик да тргнат кон „ветената земја“, бидејќи во Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија, многумина сметаат дека Германија е земја во која можат да живеат подобар живот.

На Косово, од каде во последните неколку месеци во Германија доаѓа мнозинството од т.н. балкански бегалци, најавата на германската министерка за труд се доживува како проевропски импулс. Сафет Герџалију, претседател на Стопанската комора на Косово нагласи дека тоа, доколку се оствари, би имало позитивен ефект врз Косоварите. „Тоа би значело дека припаѓаме кон Европа“, вели Герџалију. „Но истотака би имало и економска димензија. Ако веќе нема директни инвестиции на Балканот, на овој начин некои процеси би можеле да се олезнат и забрзаат.“ Економската ситуација на Косово не е добра и има сѐ помалку странски инвестиции. Можноста за вработување во Германија за многу млади луѓе од Косово би била зрак на надеж“, вели Герџалију.

Германската министерка за труд Андреа НалесФотографија: picture-alliance/dpa/S. Hoppe

„Кој еднаш замине, никогаш не се враќа“

Меѓутоа, македонската професорка по економија Марија Зарезанкова- Потевска, не гледа на тоа толку позитивно и предупредува на негативните последици од иницијативата на министерката Налес. иако директната миграција на работната сила, значи краткорочно опуштање, бидејќи би заминувале неквалификувани работници и невработени, од друга страна, на тој начин би можело да дојде до промена на демографската структура во тие мали земји. Ако се дозволи земјата да ја напуштат луѓе кои се таму обучени, треба да се биде свесен дека тие нема да се вратат. Затоа е важно за овие луѓе да се најдат „долгорочни решенија во нивните земји“.

Предлогот на Андреа налес беше логична одлука, вели Ерол Мујановиќ, експерт за пазарот на труд од Босна и Херцеговина. гастарбајтерите од Балканот во странство се имаат докажано како вредни и во Германија се истотака многу добро интегрирани“, вели Мујановиќ.

Тој истотака е свесен дека заминувањето на младите луѓе би значело загуба за нивните татковини, „ама во секој случај е подобро да работат во Германија, отколку да останат невработени во Босна и Херцеговина.“ Мујановиќ упатува и на девизите кои овие нови гастарбајтери би им ги испраќале на своите роднини во матичните земји и со тоа би давале поттик за тамошното стопанство.

Што подалеку од Балканот

Проценката на Мујановиќ веројатно го одразува мислењето на мнозинството жители на земјите во кои веќе со години владее висока стапка на невработеност. Се проценува дека само во БиХ невработена е една половина од младите. Косово и натаму е меѓу најсиромашните земји во Европа, а перспективите за младите во Македонија, Албанија и во Србија истотака изгледаат мрачно.

Тоа може да се види и во рекциите во социјалните мрежи на предлогот на министерката Налес. Така студент од Сараево на Фејсбук пишува дека, да може, веднаш би заминал, само да не мора повеќе да ги гледа домашните политичари. „Сакам што подалеку од зафрлениов Балкан“. Други пак идејата за фиксни контингенти ја сметаат за „глупава“ и истакнуваат дека на секој начин би требало да се обидат да најдат работа во Германија.

Фотографија: AP

Социјалните мрежи шират вести

Во социјалните мрежи има и коментари во кои се пренесува лично искуство во пронаоѓањето работа во Германија. Од друга страна, медиумите во земјите од регионот досега реагираа доста срамежливо на најавата од Германија. Веројатно се чекаат поконкретни одлуки од Берлин. Меѓутоа, без разлика каква ќе биде одлуката на германската влада за иницијативата на министерката Андреа Налес, а со оглед на големиот број на луѓе желни да заминат во Германија, отселувањето на младите луѓе од Западен Балкан веројатно не може да биде запрено. Германија би била нивен прв избор. Ако тоа не биде возможно, многу млади луѓе имаат намера среќата да си ја побараат на друго место, најважно во насока на запад и што подалеку од Балканот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми