1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западниот Балкан треба да ја засили конкурентноста

СН/ агенции
21 февруари 2018

Во пазарите на труд во земјите од Западен Балкан постои голем неискористен човечки потенцијал, кој може да придонесе за засилен економски раст и просперитет.

Flaggen Westbalkan-Konferenz in Berlin 2014
Фотографија: Getty Images/AFP/T. Schwarz

Иако регионот Западен Балкан се соочи со драматичен пад на вработеноста во периодот по светската економска криза, од 2008 до 2011 година „ситуацијата се подобри во наредните 5 години и до 2016 година вкупниот број на вработени повторно достигна 6,5 милиони што претставува зголемување од 8,9 насто“, е наведено во неодамна објавениот извештај „Пазари на трудот на Западен Балкан: ефект, причини и можна политика“ кој го нарача проектот „Платформа за вработување и социјални прашања“ (ЕСАП) на Советот за регионална соработка (РЦЦ).

Лидерот на проектот ЕСАП, Нанд Шани, наведе дека за промените во стапката на вработеност во периодот меѓу 2010 и 2016 година во шест економии од Западен Балкан најмногу допринесле производствениот, градежниот и образовниот сектор, стручните и научните активности, јавната администрација и земјоделството.

„Во структурата на вработеност, сепак, преовладуваат непроизводните активности што укажува на тоа дека регионот треба да ја зголеми конкурентноста и да ја подобри ориентацијата на пазарите и да работи на развој и зајакнување на постоечките синџири на вредности“, рече Шани.

Фотографија: DW/A. Dimitriveska

Тој додаде оти остануваат бројни прашања, како што се големиот удел на неформално вработување, високата стапка на невработеност кај младите, голем дел на долгорочната невработеност и ниската стапка на учество на жени во работна сила, што укажува на голем неискористен човечки потенцијал кој би можел да ги поттикне економскиот раст и просперитетот.

Економиите од Западен Балкан во предходните години забележаа и значителен напредок во областа на институционалните реформи на пазарот на труд кој на многу од нив ги намали трошоците за отпремнина и ја зголеми флексибилноста на системот за преговарања за платите, како и флексибилноста на пазарот на труд, а прописите во областа за заштита на работните места ги направија помалку рестриктивни, пишува во извешатјот.

Цел на „Платформата за вработување и социјални прашања“ е засилување на регионалната соработка и институционалните капацитети на државните управи, ефикасно да спроведат реформи во социјалната политика и во политиката на вработување во процесот на пристапување кон Европска унија.

Проектот ЕСАП, кој чини 3 милиони евра, го финансира ЕУ, а заедно го реализираат и Советот за регионална соработка и Меѓународната организација на труд во економиите на земјите од Западен Балкан.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми