1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Западот му одговори на Путин: Санкциите остануваат

ЖА / агенции
27 мај 2022

Западните држави го отфрлија предлогот од Владимир Путин за укинување на санкциите против Русија како замена за олеснување на извозот на жито од Украина

Rumänien | Hafen von Konstanza wird Drehscheibe für ukrainisches Getreide
Фотографија: Jack Parrock/DW

Американската влада го отфрли повикот за укинување на санкциите во замена за олеснет транспорт на жито и храна од Украина.

„Токму Русија е таа која активно го блокира изнесувањето на прехранбени производи од украинските пристаништа и го зголемува гладот во светот“, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер синоќа во Вашингтон.

Во силосите во Украина и на товарни бродови се складирани тони  жито,  кои поради руската поморска блокада не можат да се извезат. Санкциите не го погодуваат ниту житниот извоз, ни пак паричните трансакции поврзани со него. Засега воопшто не постои дебата околу укинување на санкциите, истакна Жан-Пјер. 

Западни компании се враќаат во Русија?

01:20

This browser does not support the video element.

Во сличен тон е и изјавата на британската министерка за надворешни работи Лиз Трас. Рускиот претседател  Владимир Путин  се обидува да го земе светот во заложништво, условувајќи го одблокирањето на украинскиот извоз на храна со подигање на  санкциите.  Во основа, тој ги користи гладот и недостигот од храна за најсиромашните луѓе во светот како свое оружје, истакна министерката. Укинување на санкциите  е исклучено, зашто тоа би претставувало јакнење на Путин на долг рок, изјави Трас при посетата на Сараево.

Во вчерашниот разговор со италијанскиот премиер Марио Драги околу можностите за ублажување на кризата со храна,  Путин навести дека постои таква опција, доколку Западот ги укине санкциите против Русија. Дури тогаш „Москва би била спремна да даде свој значаен придонес за надминување на кризата со храна."

Русија и Украина се најголемите светски извозници на жито и играат важна улога во исхраната во глобални рамки. Одделни украински пристаништа се окупирани од руската војска, а од Одеса, поради  поморската блокада  и опасноста од морски мини, бродовите со жито не можат да испловат. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми