1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Започнува имунизацијата на децата

ДТЗ
19 јули 2021

Министерството за здравство апелира за што помасовна имунизација за да се спречи нов бран и ширењето на опасниот Делта сој.

Symbolbild Grippeimpfung
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. von Erichsen

Од денеска започнува имунизацијата на децата од 12 до 17 години во Северна Македонија. Досега интерес за вакцинација искажале околу 1.800 деца, од кои најголемиот дел се од Скопје. Тие ќе се вакцинираат со „Фајзер“, којашто е единствена вакцина во моментов што е дозволена да се користи за деца на оваа возраст.

 Вакцинацијата против Ковид-19 нема да биде задолжителна во Северна Македонија, но е неопходна за да се постигне колективен имунитет. Родителите со своите деца може по своја волја да се појават директно на пунктовите за вакцинација, а во здравствените домови ќе бидат достапни и педијатри за советување.

-повеќе на темата: Вакцинацијата на децата нема да биде задолжителна

  Досега се вакцинирани вкупно 453 773 граѓани од кои втора доза примиле 272 129.

 Министерството за здравство апелира до населението што помасовно да се имунизира бидејќи тоа е единствениот начин да се избегне нов силен бран и ширење на опасниот Делта сој.

 Делта сојот се шири 

 Последните анализи покажуваат дека новиот Делта сој на вирусот масовно се шири кај невакцинираното население во светот. Според последните податоци, дури 84 отсто од новозаразените во Холандија се невакцинирани, а 10 отсто се вакцинирани само со една доза. 

-повеќе на темата: Мирно лето само со масовно вакцинирање

 „Во Обединетото Кралство скоро две третини од луѓето заразени со Делта сојот на Ковид-19 и повеќе од половина починати, воопшто не биле вакцинирани. Шпанија бележи значителен пораст на нови случаи кај млади невакцинирани лица. Овие податоци укажуваат на тоа дека за да ставиме крај на пандемијата мора да вакцинираме што поголем број граѓани, друг пат не постои. Вакцините се високо ефикасни и за новите соеви и единствена заштита која ја имаме“, укажува министерот за здравство, Венко Филипче. 

Рестрикции

 Надлежните најавија можни реастрикции од есен за оие коишто нема да се вакцинираат. Во Европа и светот веќе се воведуваат ограничувања, за невакцинираните граѓани. За влез во затворен јавен простор, пристап до угостителски, спортски или други услуги се бара задолжително приложување на вакцинален сертификат. „Земјите веќе ги предупредуваат нивните граѓани да се вакцинираат како не би се соочиле со ограничувања за нормално функционирање. Упатувам апел до сите граѓани кои се уште не се вакцинирале да го направат тоа што побрзо. Вакцините се безбедни и ефикасни, само масовната вакцинација може да стави крај на светската ковид пандемија“, порача деновиве Филипче.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми