1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Започнува раправата за Косово

3 април 2007

Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи седница на која специјалниот пратеник на ОН, Марти Ахтисари на земјите членки на Советот ќе им го образложи своето предлог-решение за независност на Косово под меѓународен надзор

Седиштето на ОН во Њујорк
Седиштето на ОН во ЊујоркФотографија: AP

На првиот состанок на Советот за безбедност посветен на решавањето на стстусот на Косово ставовите на Белград ќе ги изнесе српскиот премиер Воислав Коштуница . Во Њујорк инаку допатува и претседателот на Косово Фатмир Сејдиу . Ахтисари за својот предлог највероатно ќе говори на делот од седницата затворен за јавноста на кој ќе присуствуваат само претставниците на 15-те земји членки. Денешнито состанок ќе биде можност и за први разговори меѓу членките на Советот за иднината на Косово но на него нема да биде донесена никаква одлука . Инаку дневниот ред на денешната седница сеуште не е познат со оглед дека Велика британија која е претседавач со Советот се залага покрај премиерот Коштуница на Советот да му се обрати и претседателот на Косово Фатмир Сејдиу. Таа иницијатива наиде на остро спротиставување од страна на Русија која смета дека на тој начин би бил направен опасен преседан бидејќи Косово формално правно не е држава па со самото тоа не може ни да се обрати на седница на Советот.

Меѓутоа повикувајќи се на членот 39 од деловникот за работа на Советот за безбедност , велика Британија и уште неколку членки инсистираат Сејдиу да говори. Според овој член претседавачот со Советот има право да го повика секој кој би можел да пружи дополнителни информации за темата за која се дискутира. Од делегацијата на српската влада сеуште не е соопштено каква ќе биде нивната реакција ако Сејдиу одржи говор пред Советот. Советникот на премиерор Коштуница и координатор на преговарачкиот тим на Србија , Слободан Самарџиќ синоќа во Њујорк изјави дека Србија упатила писмо до Велика Британија како претседавач со Советот во кое укажува дека според резолуцијата 1244 косово во меѓународните односи го претставува само шефот на УНМИК а тој со себе може да поведе претставници на привремените косовски институции без право за говорат.

Самарџиќ истотака додаде дека за српските претставници е најважно на денешната седница што поголем број членки на Советот за безбедност застанат во одбрана основните правни начела на ОН .

“Сигурни сме дека државите кои досега го правеа тоа , пред се Русија и Кина , повторно ќе го сторат тоа ” –истакна Самарџиќ .

Инаку Специјалниот посредник на ОН Марти Ахтисари пред една недела му го поднесе на Советот за безбедност својот план во писмена форма кој предвидува меѓународно надгледувана независност на покраината. Србија, очекувано, го отфрли, а рускиот министер за надворешни работи деновиве рече дека планот на Ахтисари е осуден на неуспех. Русија има можност да стави вето во ОН.

Инаку според предходните најави од дипломатски извори во ОН , на денешната седница би требало да биде разгледан предлогот на Русија , делегација на Советот за безбедност наскоро да ги посети Белград и Косово за да се увери во ситуацијата на теренот.

Во меѓувреме генералниот секретар на НАТО , Јаап де Хооп Шефер за време на посетата на Косово , изрази надеж дека Советот за безбедност на ОН ќе го прифати планот на Ахтисари , бидејќи решението на статусот е во интерес на стабилноста на Балканот и Европа . Тој вчера повторно отфрли можност за поинакво решавање на статусот на Косово:

“Поделбата никога не може и нема да биде опција . И би го посоветувал секого што размислува во насока на поделба дека тоа е сосема погрешно” – изјави генералниот секретар на НАТО .

Шефер за време на посетатат на местото Ораховец вети дека НАТО ќе стори се што е во негова моќ народот на Косово да има што подобри услови за живот.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми