1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зардари претседател на Пакистан

6 септември 2008

Асиф Али Зардари е избран за нов претседател на Пакистан. Зардари доаѓа на местото на Мушараф кој минатиот месец се повлече од претседателската функција.

Асиф Али Зардари, нов претседател на ПакистанФотографија: AP

Асиф Али Зардари е наследникот на пакистанскиот претседател Первез Мушарав, кој минатиот месец поднесе оставка на функцијата. Зардари на денешните претседателски избори освои мнозинство гласови. Право на глас имаа 1.100 пратеници во Парламентот во Исламабад како и во четири провинциски Собранија.

Зардари е сопруг на убиената поранешна пакистанска премиерка Беназир Буто и претседател на владејачката партија во земјата. Неговата победа на изборите се сметаше за сигурна, и покрај двајцата против кандидати од опозицијата.

Зарадри сега се наоѓа пред големи предизвици, Пакистан се ноѓа во економска криза, а истовремено милитантните исламисти се почесто вршат напади. Критичарите на Зардари му префрлуваат корупција, што Пакистан во 90 тите години ќе го одведеше речиси во руина. Зардари тогаш го доби името „Господин 10 проценти“ , затоа што за време на премиерскиот мандат на неговата сопруга наводно примал мито. Зардари мина и 9 години в затвор, но никогаш ништо не можело да се докаже против него.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми