1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Заседание на министрите на НАТО

13 октомври 2004

Министрите за одбрана на НАТО денска ги започнаа дводневните неформални разговори во романското зимувалиште Појана Брашов. Притоа, меѓу другото, треба да стане збор и за заштитните сили во Авганистан.

Пред заминувањето, германскиот министер за одбрана петер Штрук изрази загриежност: за весникот “Фајненешал тајмс Дојчлнад“ тој изјави дека во подалечна иднина не може да исклучи мисија на германските војници во Ирак. Во моментов тоа е исклучено, но никој не може да каже како ќе се развива земјата во иднина, иако тој не гелда никаква причини за пормена на ставот на владата дека нема да праќа војници во Ирак.

Бундсверот ќе обучува Ирачани во Арапските Емирати, но тие нема да бидат дел од мисијата за обука на НАТО, изјави Штрук по пристигнувањето во Романија:

“Во Арапските емирати ќе обучуваме ирачки полицајци и војници, што значи дека она што го правиме ние не е под команда на НАТО“.

Од кругови на министерот се вели дека она што го рекол Штрук за “Фајненшел тајмс Дојчланд“ се превреднува, зашто во основа ништо не е променето.

Министрите за одбрана на 26-те земји членки на НАТО инаку, ќе разговараат и за натамошното испраќање тимови за обнова во Авганистан. Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер изјави дека се успеало да се одржат мирни претседателски избори, но со тоа задачата во никој случај не е завршена. Бундесверот има најмногу војници во заштитната мисија ИСАФ во Кабул и води два тима за обнова на север од земјата. Министерот Штрук ги критикува неговите колеги:

“ Не прифаќам што Германија сега посебно е ангажирана во Авганистан, а другите, и покрај изјавите, се однесуваат воздржано“.

Американскиот министер за одбрана Доналд Рамсфлед предложи спојување на ИСАФ со операцијата што ја водат Американците “Бескрајна слобода“ која на исток и и југ од земјата ги лови Талибанците и лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен. Многумина сојузници во НАТО овој предлог го гледаат скептично и страхуваат дека САД сака да обезбеди врховна команда врз сите трупи во Авганистан. Министерот Штрук вели:

“Сојузната влада се гледа пред се ангажирана во заштитната и помошната мисија наречена ИСАФ, а не во борба против меѓународниот тероризам. Затоа сме против спојувањето на мандатите. Не верувам дека владата би била подготвена овие 2 ипол илјади војници што ги имаме сега во Авганистан, да ги вклучи во борбата против тероризмот, туку ќе опстои на тоа да продолжиме да помагаме во обновата“.

Меѓутоа, командантите на НАТО се жалат дека деветте илјади во рамките на ИСАФ под мандат на ОН и околу 11 илјади американски војници работат сосема одвоено.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми