1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Засилена економска соработка меѓу Македонија и Албанија

Горан Момировски1 март 2006

Колкава е можноста Македонија во Драч да добие слободна економска зона? За ова денеска разговараа македонскиот премиер Владо Бучковски и неговиот албански колега и домаќин Сали Бериша

Тирана
ТиранаФотографија: AP

„Економските односи со Албанија и Косово се стратешки итерес за Макеонија.“ изјави во Тирана македонскиот премиер Владо Бучковски, по билатералната среба со албанскиот колега Сали Бериша.

Од албанскиот премиер, шефот на македонската влада побарал посебен статус за Македонија и слободна економска зона во пристаништето Драч, учество на македонската градежна оператива при изградбата на автопатот Приштина Тирана, и заедничко барање на Македонија и Албанија, до рускиот Гаспром за гасификација на двете земји

„Денешната средба ме увери дека доаѓа време кога овдешните политички релации на двете држави треба да кулминираат со исклучително интензивна економска соработка.“ рече Бучковски

Бериша вети дека ќе бидат разгледани еконосмките барања, но избегна да даде конкретен одоговор за поддршка на македонскат заедница во Албанија.

Бучковски најави соработка на македонската партија со други поголеми албански партии и попис на населението во април 2007, а Бериша гарантираше еднаков третман на сите малцинства во Албанија.

„ Можам да ви кажам дека Албанија е определена за целосно обезбедување на правата на малцинствата што го сметам за предуслов за демократија, но исто таков однос бара и од своите малцинства.“ изјави албанскиот премиер Сали Бериша.

По вчерашната средба со претставници на македонската зедница во Албанија, Бучковски ветил повеќе книги на македонски и видео материјали за културното богатство на Македонија, како и тренинг за членовите на партијата Македонска Алијанса, кои се соочени со различни притисоци од страна на претставници на грчката партија Унија за човекови права.

На вториот ден од посетата на Албанија, Бучковски учествуваше и на македоснко – албанскиот бизнис форум на кои учествуваат стотина фирми од двете земји. Тој претходно се сретна и со албанскиот претседател Алфред Мојсиу.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми