1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Засилени миграции на Балкан

Милчо Јовановски5 декември 2008

На Регионален форум во Охрид денеска (05.12.2008) разговараат претставници од шест држави, членки на МАРИ иницијативата, за проблемите на нелегалната миграција, како и за враќањето на бегалците.

Миграцијата и враќањето на бегалците, тема на состанокотФотографија: dpa

Дел од земјите од Западен Балкан веќе се соочуваат со засилени миграциски процеси,останатите кои работат на приближувањето до Европската Унија се соочуваат со нелегалната миграција, а нејзиното ставање под контрола всушност е еден од критериумите за либерализирање на безвизниот режим. На оваа тема, но и за миграциите, на Регионален форум во Охрид денеска разговараат претставници од шест држави членки на МАРИ иницијативата.

Земјите од Западен Балкан години на ред се принудени да соработуваат, со цел да се намали нелегалната миграција, да се решат проблемите со внатрешно раселените лица, азилантите и бегалците кои беа жртви на воените судири.

Прашањето на нелегалната миграција е во врвот на приоритетите во државите во регионот, вели Трпе Стојаноски, директорот на МАРИ инцијативата со седиште во Скопје:

„Визната либерализација е една од најтешките завеси со кои се соочуваат особено младите луѓе од регионот.Тоа го констатираме и во нашите контакти со претставниците на Европската комисија, дека младите луѓе вусшност живеат на еден изолиран начин и дека е режим што треба што побрзо дасе смени. Во овој период се случуваат интензивни контакти и оценките за Република Македонија се движат исклучително позитивно, а слично е и со останатите држави во регионот, кои чекаат либерализација на визниот режим.“

Хрватска напредна во процесот на враќањето на бегалците

Некои од учесниците ги изнесоа своите искуства.

Дел од Република Хрватска до неодамна беше зафатен со воени судири. Токму за тој дел од земјата ја потпишавме т.н. Сараевска спогодба и се договоривме од политички аспект да се вратат сите бегалци од било каде и независно од која националност се, изјави Давор Видиш од Министерството за надворешни работи на Хрвастка, задолжен за евроинтеграциите и регионот на Југоисточна Европа.:

„Како Хрватска, стигнавме доста далеку.По 1995-та година повеќе од сто илјади бегалци се вратија во нашата земја. Не е насекаде еднаков процесот на враќање. Сметам дека политичките пречки полека се зад нас. Остануваат финансиските, економските и стопанските пречки. За жал, тие се сврзани со останатата криза.Ние досега се занимававме со враќањето на српските бегалци во Хрватска. Иако не можам да речам дека тој процес има иста динамика како и враќањето на Хрватите во Србија, односно во Војводина."

Карловац, 1992 година, протерувања и транспорт на бегалцитеФотографија: UNO, Genf

Раните во Босна се најдлабоки

Слично е и во федерација Босна и Херцеговина. Се чини таму раните од судирите се најдлабоки,а и состојбата со раселените е најтешка. За жал немаме конкретни податоци за бројот на мигрантите, изјави Севелад Хофман.Тешко е да се споредат податоците:

„Токму затоа Босна и Херцеговина притискаше да се интензивира регионалната соработка, особено за полициските работи. Минатата недела во Сараево се одржа состанок на министрите од регионот. Резултатите од тој сосотанок се повеќе од корисни и ќе ја зацврстат нашата соработка , рече Хофман.

Луѓето од регионот на Југоисточна Европа се свесни дека сите миграции не се негативни.Тие со преголема желба очекуваат да им се случи безвизниот режим. Тогаш и поинаку ќе гледаат на тој процес.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми