1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Затворени гласачките места

5 април 2009

Во 19 часот се затворија избирачките места на кои денеска граѓаните во Македонија гласаа на четвртите претседателски и петти локални избори.

Избори во МакедонијаФотографија: AP

Граѓаните на Македонија денеска избираа нов шеф на државата. Во вториот круг се избираше меѓу Ѓорге Иванов кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Љубомир Фрчкоски кандидат на СДСМ.

За да биде избран нов претседател на државата во вториот изборен круг на гласање треба да излезе најмалку 40 проценти од вкупното избирачко тело, кое брои 1.792.082 граѓани со право на глас. Ако биде исполнет тој услов ќе победи кандидатот, кој ќе освои повеќе гласови. Доколку во вториот круг никој од кандидатите не го добие потребното мнозинство се повторува целата постапка за избор на претседател.

Покрај нов шеф на државата, македонските граѓани денеска избираа и градоначалници во општините во кои во првиот круг никој од кандидатите не доби потребно мнозинство за избор.

Вториот круг гласање на претседателските и локалните избори во Македонија заврши во 19 часот со затворање на најголемиот дел од вкупно 2976 избирачки места. Гласањето денеска се одвиваше во добра атмосфера, со помали неправилности и со релативно мал одзив на гласачите. Излезноста на изборите на два часа пред завршувањето на гласањето за шеф на државата, според податоците на Државната изборна комисија изнесуваше 33,65 насто. Претседателот на ДИК Александар Новаковски оцени дека гласањето денеска се одвива во добра атмосфера и не се забележани посериозни неправилности.

Првичните резултати од изборите ДИК ги објавува во рок од 12 часа, а конечните 24 часа по завршувањето на гласањето.

Автор: АТ/МИА/МАКФАКС

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми