1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Зачини за подобро здравје

Јулија Вергин
23 март 2019

Од мирудиите имаме двојна корист: не само што го збогатуваат вкусот на јадењето, туку придонесуваат и за нашето добро здравје. Притоа, зачините не мора да бидат посебно егзотични.

Gewürze
Фотографија: Fotolia/macroart

Некои од зачините можеби и веќе ги употребуваме, а не знаеме колку се корисни. За некои пак вреди да се дополнат во нашата исхрана. Ви нудиме  неколку примери:

Фотографија: Colourbox/Nataliya Hora

Лук

За некои, поради вкусот и неговата силна и трајна миризба претставува ужас.Но, секундарните растителни материи одговорни за типичната арома се вистинска благодет за телото. Оној кој јаде лук, го намалува својот квен притисок и превенира тромбоза. Антиоксидирачкото дејство на лукот ги штити и клетките на телото.

Фотографија: picture-alliance/imageBROKER/J. Tack

Матерка

Постојат преку 200 различни врсти на мајчина душица или матерка. Најупотребувана е „вистинската матерка“. Рузмариновата киселина, содржана во растението е одговорна за намалување на нивото на холестерин. Освен тоа, мајчината душица е традиционално средство против настинка, а помага и против кашлица и исфрлање шлајм.

Фотографија: Colourbox/Haivoronska_Y

Цимет

На циметот му се припишува забрзувачко дејство врз метабилизмот. Но, постои и еден проблем: Кумарин. Касија-циметот ја содржи оваа природна состојка, која кај осетливи луѓе може да предизвика оштетувања на црниот дроб, во поголеми количини отколку Цејлонскиот цимет. Но, не е уште доволно научно докажано дали циметот го намалува нивото на шеќерот кај заболените од  дијабетес 2.

Фотографија: picture-alliance/Arco/J. Pfeiffer

Шафран

Оној кој може скапите конци да ги додаде кон својата збирка мирудии, се здобива и со дополнителни здравствени поволности. Студиите го докажаа позитивнорто дејство на шафранот врз психата и помошта при депресии. Самата миризба на зачинот придонесува за ублажување на предменструалните симптоми. Освен тоа, шафранот влијае и како афродизијак, барем кај машките глувци.

Фотографија: picture-alliance/imageBROKER/R. Kerpa

Анасон

Иако анасонот и ѕвездовидниот анасон ботанички не се сродни, содржат етерично масло со сличен состав, одговорно за типичниот мирис на нишадор и морач. Анасонот е познат првенствено по своето дејство против грчеви кај проблемите со органите за варење. На двете сорти анасон им се припишува дејство против запаленија.

Фотографија: Colourbox/Tetiana Vitsenko

Ѓумбир

Мислењата во однос на вкусот на ѓумбирот се поделени, но ретко кој може да го побие позитивниот ефект што тој го има кај настинка во почетна фаза. Во кинеската и ајурведа медицината ѓумбирот одамна се користи како средство против воспаленија, на пример кај реума или артроза. Кртолата освен тоа содржи етерични масла кои ги намалуваат болките и антиоксиданси.

Фотографија: picture-alliance/Arco Images GmbH

Куркума

Куркумата меѓу другото е составен дел на кари-прашокот. Нему му се припишуваат пет карактеристики поволни за здравјето: го намалува нивото на холестерин, делува антиоксидативно и е добар против воспаленија. Освен тоа, ги кочи заболувањата од рак, а може да ги забави и промените во мозокот предизвикани од старост, како и да го намали ризикот од заболување од Алцхајмер.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми