Заштита при отказ од работа
27 јули 2004Со мислењето на Фридрих Мерц, се согласува и заменикот шеф на ЦДУ и премиер на покраината Долна Саксонија, Кристијан Вулф. Актуелните законски одредби се штетни и користат само за вработување на судиите и адвокатите, смета Вулф. Баварскиот премиер, и шеф на ЦСУ, Едмунд Штојбер, изјави:
”Сите оние кои веќе имаат заснован работен однос нема воопшто да бидат погодени од промените. Тоа важи само за иднина и нашиот став е таков.”
Наспроти тоа, конзервативецот Роланд Кох, премиер на Хесен, смета дека заштитата при отказ од работа мора да остане, и не смее да се остави впечаток дека се поскауваат американски решенија на прашањето. Против укинување на заштитата е и премиерот на Тирингија, Дитер Алтхаус, од ЦДУ, кој вели дека не треба да се претерува со неочекувани барања. Уште поостри се критиките за предлогот на Мерц што ги упатија Петер Милер од ЦДУ, инаку премиер на Саарланд и Михаел Глос, шеф на пратеничката група на ЦСУ. Милер тврди дека ваквите предлози не им помагаат на невработените, и само и штетат на унијата, а Глос тврди дека во земјата работите треб ада се регулираат со мерка и цел. За тотално погрешен пат, говори и шефот на комисијата за социјала во ЦДУ, Херман Јозеф Аренц:
”Тоа е сосема погрешен пат. Тој ги плаши луѓето и ги тера да одат во СПД. Изјавите на Мерц во никој случај не можат да бидат сфатливи.”
Поради целата дискусија во редовите на партиите на унијата, дел од нејзините членови бараат од лидерите Ангела Меркел и Едмунд Штојбер да пресечат и да стават до знаење дека актуелните дебати не се и конечен став на унијата.