За брегзит или не: што велат некои „докажани“ претскажувачи?
ММ/сн20 јуни 2016
Судбоносна недела за Велика Британија. Брегзит или не? Вжештената дебата за излез или останување во ЕУ кулминира спроти референдумот на 23 јуни. За мислење се прашуваат и некои необични но „докажани“ прогнозери...
Реклама
Еден фармер од јужна Англија ги праша и своите животни. Дали Обединетото Кралство треба да излезе од ЕУ или не? Неговите прасиња уште во минатата година точно го прогнозираа исходот на изборите за Долниот дом на британскиот парламент.
Погледнете го видеото на оваа тема:
Прасечко „не“ за брегзит
00:47
По услугите на претскажувачите од животинскиот свет често се посега и за време на големи спортски настани.
Погледнете ја галеријата за некои од најпознатите животни - фудбалски прогнозери:
Од коала до опосум: фудбалски претскажувачи меѓу животните
Покрај новајлијата Оби-Оби и прочуениот октопод Паул, кој со неговите прогнози за Мундијалот во 2010 година стана ѕвезда, меѓу животинските претскажувачи, многу други животни се обидоа како фудбалски стручњаци.
Фотографија: picture-alliance/dpa/H. Schmidt
Коалата Оби-Оби
Тој е новиот неофицијален претскажувач за натпреварите на германската репрезентација на ЕУРО 2016. Неговата прва прогноза дадена од Зоолошката градина во Лајпциг беше на 12 јуни за мечот Германија-Украина. Оби-Оби прогнозираше погрешно на нерешен резултат.
Фотографија: picture-alliance/dpa/W. Grubitzsch
Слоницата Зела
Таа веќе типуваше: слоницата Зела од Зоолошката градина во Штутгарт не даде добри прогнози за германската репрезентација. Според нејзиното претскажување, Германците ќе испаднат уште во првата рунда. Ако ѝ се верува на Зела, европски шампион ќе стане аутсајдерот - Северна Ирска.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Murat
Октоподот Паул
Тој не беше приот животниски претскажувач, но беше најуспешен. За Светското првенство во 2010 година во Јужноафриканската Република тој точно го прогнозираше исходот на сите натпревари на германската репрезентација.
Фотографија: picture alliance/dpa/R. Weihrauch
Видрата Ферет
Видрата Ферет од животинскиот парк во Ауе пред полуфиналето на ЕУРО 2012 прогнозираше против Италија, односно за Германците. Екипата на Јоахим Лев тогаш сепак загуби со 1:2.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Слоницата Нели
Таа е полнокрвна фудбалерка: слоницата Нели од Серенгети паркот во германската покраина Долна Саксонија за Мундијалот во 2014 година типуваше во автентичен фудбалски манир.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Желката Моморио
Желката Моморио беше официјален претскажувач на утринскиот магазин на германската телевизија-АРД и уште пред првиот натпревар во групата за СП 2014-та ја препозна силата на германската репрезентација. Таа типуваше на победа против Португалија. Германија навистина победи со 4:0 и подоцна стана светски првак.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Пингвинот Роналд
И тој прогнозираше точно: Хумболд-пингвинот Роналд од животинскиот парк во Либенау во 2014 година се одлучи за германската фудбалска репрезентација.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Оклопникот Така
Животното оклопник беше официјална маскота на Мундијалот во Бразил. Оклопникот Така од Зоолошкиот парк во Ерфурт тука типува на вториот натпревар во групата Германија против Гана, кој заврши 2:2.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo
Октоподот Регина
Таа е вториот познат октопод-претскажувач. Регина од аквариумот во Берлин за првиот натпревар од групата на СП 2014 истотака типуваше на германската репрезентација. Прогнозите за наредните напревари против Гана и САД меѓутоа ѝ беа погрешни. Како нејзина наследничка за ова ЕП се смета октоподот Ана од аквариумот во Констанц.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Опосумката Хајди
И за други пригоди се бараат животни како претскажувачи. Таков пример е опосумката Хајди, која исто како коалата Оби-Оби живее во Зоолошката градина во Лајпциг. Хајди за кратко време стана интернет феномен и настапи дури и на американската телевизија. При доделувањето на Оскарите во 2011 таа ги предвиде победниците во некои од главните категории.