1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За ВМРО-ДПМНЕ седницата заврши, за мнозинството - почнува

БГ
19 октомври 2018

Собраниската седница е закажана за 21 часот и, според неофицијални информации, веројатно е обезбедено двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени 

Mazedonien Parlament in Skopje | Namensstreit mit Griechenland
Фотографија: picture-alliance/Anadolu Agency/B. Ademi

Власта најверојатно има обезбедено двотретинско мнозинство за гласање на уставните измени во Собранието и многу е извесно дека гласањето ќе се случи вечерва. Иако нема официјална потврда на информацијата, самиот факт што седницата воопшто е закажана оди во прилог на тезата дека мнозинството е обезбедено. Како што во текот на денот кажа и пратеникот на СДСМ, Ферид Мухиќ „гласање ќе има доколку се обезбеди потребниот број гласови“. 
Премиерот Зоран Заев накусо ја напушти собраниската зграда, а во изјава за ТВ 21 изјави дека „се работи на обезбедување на мнозинството“. 
Собраниската драма трае речиси цел ден од утрово. Откако првично седницата беше закажана за 11 часот, па презакажана за 12, се очекуваше таа конечно да започне во 15 часот, но, ни тоа не се случи. Последната информација е дека 21 часот не е сигурен, туку само начелен термин, и можно е повторно одложување доколку се јави потреба од тоа. 
Натамошна индикација дека нешто се случува во насока на обезбедување на потребното мнозинство е и последното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ во кое партијата апелира до надлежните институции и Јавното обвинителство да ги испитаат наводите за притисоци и закани врз пратениците. 
Истовремено, од опозициската партија реагираат и на закажувањето на продолжението на седницата за 21 часот. Според ВМРО-ДПМНЕ, тоа е спротивно на Деловникот на Собранието кој предвидува дека за вакви вечерни сеанси, претседателот на Собранието не ги извести пратеничките групи за тоа со посебно писмо. Од партијата велат дека за нив „седницата завршила“. Претходно, на прес-конференција во 15 часот, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски бараше од собранискиот спикер Талат Џафери веднаш да закаже седница за гласање за уставните измени. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми