1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За добри соседи, за Грција!

Александар Андреев / Превод: СН22 јули 2015

Соседните земји на Грција, односот на Атина кон нив често го гледаат како арогантен и игнорантски. Грција меѓутоа би требало да се залага за солидарност и поддршка на соседите, смета Александар Андреев.

Фотографија: picture-alliance/dpa/N.Emmerson

Во изминатите недели политичарите од Сириза во повеќе наврати имаа невешти изјави во врска со соседните земји. Еднаш стануваше збор за опасноста од „бугаризација на Грција“ , потоа не можеше да се верува дека Романија и Бугарија ќе останат во ЕУ, додека Грција ќе мора да ја напушти. Покрај тоа беше истакнато дека и нивото на пензиите на Балканот е кобно за Грција.

Такви споредби соседите не сакаат. Тие се доживуваат како мешавина од игнорантност и ароганција. Преоптоварените политичари на Сириза можеби не мислеа така, ама го изговорија она што често се мисли во Грција: дека балканските соседи во Европа заслужуваат помалку почитување, внимание и просперитет од Грција. Скандал за себе е тоа што таквите националистички предрасуди можеби не со драга волја доаѓаат од страна на левичарска влада во Атина.

Соседите се солидарни

Секако дека многу Грци не се согласуваат со таквите изјави на политичарите од Сириза. Исто така, не сите луѓе во соседните земји се навредени или лути на Грците. Напротив. Луѓето се солидарни со соседите, иако таа солидарност во себе има една непријатна антиевропска конотација. Посебно на интернет порталите доминираат мислења оти главните виновници се бирократијата на ЕУ и банките и дека Грците не можат ништо против нив и оти секогаш страдаат малите. Балканот во минатото премногу често беше жртва на политичките конфликти на „големите“ и историските сеќавања на тие горки искуства механички се пренесуваат и денес. Тоа опасно пренесување за жал може да го наруши имиџот на ЕУ токму во земјите кои се многу важни за стабилност на Балканот.

Александар Андреев

Има и ситење

Ништо помалку опасен е еден друг став кон Грција, кој исто така е проширен во регионот. Тоа е мешавина на бес и ситење. Бес, бидејќи многу бугарски и романски пензионери не можат да ги сфатат грчките пензионери, кои без разлика на приближно истите потрошувачки цени, своите многу поголеми пензии ги гледаат како нешто свето. И затоа што со години страдаа под многу построги мерки на штедење, отколу оние кои кредиторите и’ ги пропишаа на Грција. Ситењето произлегува од тој нееднаков третман, но и од историското искуство. Тоа се „Византијци“, како што се нарекуваат со векови во регионот оние кои наводно со итроштина ги измамија своите соседи. И тоа клише се користи за објаснување на моменталната криза.

Добри соседи се секогаш потребни, особено в окриза

Сепак постојат и прагматични пристапи, од Турција до Хрватска и Романија. Така, постои грижа за бизнис соработка, заеднички енергетски проекти, како и за прекугранично банкарство, во што важна улога имаат грчките банки. Се поставува и прашањето во која мерка кризата ќе се одрази на туризмот и какви се можностите за сезонска работа во Грција. Таквите пристапи треба да се поздрават. Бидејќи тие се вистински пат за надминување на нетрпеливоста и историските предрасуди. А за Грција во моментов добронамерните соседи подговени за помош се поважни од кога било. На тоа Атина би морала почесто да се потсетува.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми