1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Перипетии околу вакцинацијата

ДТЗ
12 февруари 2021

Иако деновиве граѓаните поитаа да се регистрираат и да фатат термин за вакцинација, сепак неизвесно е кога ќе започне имунизацијата на населението против Ковид-19. 

Nordmazedonien Premierminister Zoran Zaev
Фотографија: Government North Macedonia

Продолжува неизвесноста околу набавката на вакцините за Северна Македонија. За вакцините на Фајзер коишто треба да пристигнат од Србија се чека техничка документација, за вакцините на Синофарм, пак, ќе се почека најпрво да помине кинеската Нова година. Иако деновиве граѓаните поитаа да се регистрираат и да фатат термин за вакцинација, сепак неизвесно е кога ќе започне имунизацијата на населението против Ковид -19.

Најпрво прослава, па вакцини

Двесте илјади кинески вакцини од производителот „Синофарм“ ќе стасаат во земјава по 18 февруари откако ќе заврши кинеската Нова година, најави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. „Вакцините од кинеската компанија „Синофарм“ ќе стигнат во Македонија по завршувањето на кинеската Нова година. Владата денеска го врши плаќањето за дозите, а тие ќе пристигнат по 18 февруари. До крајот на месецов вакцината ќе стигне во земјава“, рече Заев.
Не се знае кога ќе стасаат ниту вакцините од Србија, чија испорака во земјава беше откажана во последен момент. Заев вели дека се работи на подготовка на техничката документација од странската компанија за донацијата која земјава требаше да ја добие од Србија.  

-повеќе на темата: Вакцините сѐ уште ги нема, но има „случај Ваксајнс“

„Се работи за подготовка на техничката документација од ’Фајзер‘ кон Србија за реекспорт или донација. Целта е да стигнат прво овие 4 000 вакцини, па потоа и другите 4 000. Раководството на Србија, претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, сакаат час поскоро да го направат тоа, затоа вака излегоа во најава. Првиот дел беше договорот каде што се забранува реекспорт, односно препродавање на друга земја, па одлучија да го донираат само да почне целиот процес. Но, за жал, сè уште ги чекаме овие одобрувања од ’Фајзер‘“, изјави Заев.
Тој вели дека Северна Македонија не е единствената која нема добиено вакцини, туку тоа е случај со целиот Западен Балкан, односно и со Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. „Србија го има седиштето на ’Фајзер‘ и секако има успеано, и добро е што успеа да набави вакцини. Земјите од Западен Балкан, кои се кандидати за членство, освен Србија, сè уште чекаме да набавиме вакцини преку системот Ковакс, преку директни договори со ’Фајзер‘, директно преку ЕУ – 70 милиони евра кои Оливер Вархеји ги понуди за да го платат процесо„, вели Заев. Тој додаде дека Албанија објави дека добила 1 000 вакцини, ноне се знае како. „ Знаете дека сме пред плаќање кон Кина за да може да добиеме и вакцини. Очекуваме час поскоро која било од тие опции да биде остварена“, изјави Заев.
Министерот за здравство Венко Филипче, во Клик Плус на ТВ21 објасни зошто не стигнале 8 000 вакцини од Србија како што беше најавено. Вели дека се во прашање технички проблеми. Србија ја досредува докуменатацијата и е во контакт со адвокатското друштво на Фајзер, се со цел и правно да биде регулиран овој процес, за да нема сомнежи дека нивниот производ се препродава.

-повеќе на темата: Западниот Балкан и вакцините против Ковид: Меѓу неспособноста и геополитиката

Дека се чека на дозвола од Фајзер потврди и српската премиерка Ана Брнабиќ. Таа вели дека договорот на Србија со компанијата предвидува дека вакцините не смеат да се извезуваат. Брнабиќ изрази надеж дека целата ситуација ќе биде решена во наредните неколку денови, а српскиот државен врв посветено работел на постигнување на таа цел.

Фајзер бара вакцините безбедно да се чуваат

Најважно е вакцините против Ковид-19 да бидат безбедно чувани и навремено транспортирани во соодветни услови додека да пристигнат на пунктовите за вакцинација, велат од европското претставништво на производителот „Фајзер“ за Телевизија 24. На прашањето дали земји кои набавиле вакцини смеат да ги донираат вакцините или пак да ги препродаваат на други земји како што е случајот со Србија и С. Македонија, од „Фајзер“ не даваат конкретен одговор, туку велат дека со задоволство разговараат и за вакцините што одредени земји сакаат да ги донираат на други земји.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми